1Се зарадував кога ми рекоа: „Да одиме во домот Господов!“
2Ете, нозете наши стојат во твоите дворови, Ерусалиме, —
3Ерусалим, кој е изграден како град, излиен во една целина.
4Таму се искачуваат племињата, Господовите племиња, сведоштвото Израелско, за да се слави името Господово.
5Зашто таму се поставија престолите судиски, престолите на домот Давидов.
6Молете се за мир за Ерусалим и нека им биде добро на оние, кои те сакаат!
7Нека има мир околу ѕидовите твои и спокојство во кулите твои.
8Поради браќата мои и блиските мои ќе речам: „Мир во тебе!“
9Заради домот на Господ, нашиот Бог, ти пожелувам добро.