1Ги кренав очите кон горите; од каде помош ќе ми пристигне?
2Мојата помош е од Господ, Кој ги создаде небото и Земјата.
3Тој нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази;
4не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израел.
5Господ е Твој чувар; Господ е твоја закрила од кај твојата десна рака.
6Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноќе ќе ти штети.
7Господ ќе те запази од секакво зло и ќе ја чува душата твоја.
8Господ ќе го пази излегувањето твое и влегувањето твое отсега и довека.