1Кон Господа повикав во потиштеноста своја, и Тој ме услиши.
2Господи, избави ја душата моја од лажлива уста и од измамнички јазик.
3Што ќе ти се даде и уште што ќе ти се направи, лажлив јазику?
4Изострени стрели на силник, разгорени со пустински јаглен!
5Тешко мене, што морам да живеам во Мешех, да престојувам во шаторите кидарски.
6Долго живееше душата моја со оние што го мразат мирот.
7Јас сум за мир, но штом проговорам — тие се за војна.