1Кога Господ ги врати сионските заробеници, ние бевме како во сон;
2тогаш устата ни се исполни со радост, и јазикот наш — со весела песна; тогаш меѓу незнабошците се говореше: „Големи дела изврши Господ над нив!“
3Големи дела изврши Господ на нас: ние се развеселивме.
4Врати ги, Господи заробените наши, како потоците во Негев.
5Оние што сеат со солзи, нека жнеат со голема радост.
6Одеа и плачеа оние што носеа свое семе; но со радост ќе се вратат, носејќи ги своите снопја.