Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 115

:
Macedonian - 2006
1 Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава, заради Твојата милост, заради Твојата вистина,
2 да не речат незнабошците: „Па каде е нивниот Бог?“
3 Нашиот Бог е горе на небесата; врши сѐ, што сака.
4 А идолите на незнабошците се среб­ро и злато, дело на човечки раце:
5 уста имаат, а не зборуваат, очи има­ат, но не гледаат;
6 имаат уши, но не слушаат; имаат ноздри, но не мирисаат;
7 раце имаат, но не пипаат; нозе има­ат, но не одат; тие не пуштаат глас од грлото свое.
8 Слични на нив се и оние што ги прават, такви се и оние што се надеваат на нив.
9 Доме Израелов, надевај се во Гос­под; Тој е наш помошник и заштитник.
10 Доме Аронов, надевај се во Господ; Тој е наш помошник и заштитник.
11 Вие кои се боите од Господ, надевајте се во Господ; Тој е ваш помошник и заштитник.
12 Господ се сеќава на нас и нѐ благо­словил, го благословил домот Израе­лов, го благословил домот Аронов,
13 ги благословил оние, кои се бојат од Господ, мали и големи.
14 Нека ви придаде Господ вам повеќе, вам и на вашите деца.
15 Благословени да сте од Господ, Кој ги создаде небото и земјата.
16 Небесата се Господови небеса, а земјата Тој им ја даде на синовите човечки.
17 Не ќе Те слават мртвите, Госпо­ди, ниту оние што слегуваат во местото на молкот,
18 туку ние живите ќе Го благословуваме Господа отсега и засекогаш.