1Кога Израел излезе од Египет, домот Јаковов — од туѓ народ,
2Јудеја стана Божјо светилиште, Израел област Негова.
3Морето виде и избега; Јордан се врати назад.
4Горите се разиграа како овни, и ритчињата — како јагниња.
5Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш?
6Зошто се разигравте, гори, како овни, и вие, ритчиња, како јагниња?
7Трепери Земјата пред лицето на Господ, пред лицето на Бог Јаковов,
8Кој камен претвора во водно езеро и карпа — во воден извор.