1Алилуја! Фалете го, слуги Господови, фалете го името на Господ.
2Нека е благословено името Господово отсекогаш и засекогаш.
3Од исток до запад нека се прославува името на Господ.
4Возвишен е над сите народи Господ; Неговата слава е над небесата.
5Кој е како Господ, нашиот Бог, Кој живее во височините,
6и Кој од високо гледа на небото и на земјата;
7Кој од прав го издига сиромавиот и од калта го вади бедниот,
8за да го постави со кнезовите, со кнезовите на народот негов.
9Кој неплодната ја вселува в куќи како мајка, што се радува меѓу многуте деца. Алилуја!