1Кај Господ се засолнувам! Зошто ѝ велите на душата моја: „Одлетај во гората своја како птица
2зашто, грешниците го затегнаа лакот, ја притегнаа стрелата своја на тетивата, па од мрак да стрелаат на чистите по срце.
3Ако темелите се разурнати, што може праведниот да стори?“
4Господ е во Својот свет храм. Господ е на престолот небесен; очите Негови гледаат, веѓите Негови ги испитуваат синовите човечки.
5Господ го испитува и праведниот и безбожникот, а Неговата душа ги мрази оние што уживаат во насилство.
6На грешниците ќе пушти дожд од разгорен јаглен, оган и сулфур, а силен ветар ќе им биде дел во чашата нивна.
7Зашто Господ е праведен, ја сака правдата: лицето Негово ќе го гледаат праведниците.