1Помагај, Господи, зашто не остана побожен, ги снема верните меѓу синовите човечки!
2Лага му кажува секој на ближниот свој; од дволично срце устите зборуваат лага.
3Нека ги истреби Господ сите лажливи усти и секој јазик што се возвеличува;
4оние што зборуваат: „Јазикот е наша сила; устата ни е со нас; кој е господар над нас?“
5„Заради страдањата на сиромасите и лелекот на бедните ќе се кренам сега, вели Господ, ќе му донесам спас на оној што копнее по него.“
6Зборовите на Господ се зборови чисти, сребро во оган исчистено од земја, седумпати пречистено.
7Ти, Господи, ќе нѐ одбраниш и ќе нѐ запазиш од овој род довека.
8Нечестивите одат наоколу додека ниските работи се возвишуваат меѓу луѓето.