Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 106

:
Macedonian - 2006
1 Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар, зашто Неговата милост е вечна.
2 Кој ќе ја искаже силата на Господ, кој ќе ја разгласи сета похвала Негова?
3 Блажени се оние што се држат до правдата и вршат праведност во секое време.
4 Сети се на мене, Господи, во благо­волението Свое кон Твојот на­род; помогни ми кога ќе ги спасуваш нив,
5 за да ги видам во добрини Твоите избраници, за да се развеселам со веселбата на Твојот народ, за да се пофалам заедно со Твоето наследство.
6 Згрешивме ние и татковците наши, правевме беззаконија, постапувавме нечестиво.
7 Нашите татковци во Египет не ги ценеа Твоите чудеса, не ги помнеа мно­гуте милости Твои и се побунија кога се приближија до Црвеното Море.
8 Но Тој ги спаси заради името Свое, за да им ја покаже силата Своја.
9 Му се закани на Црвеното Море, и тоа се исуши; и ги преведе по бездните како по пустина;
10 и ги спаси од рацете на оние што ги намразија и ги избави од рацете на непријателите.
11 Водите ги покрија нивните неприја­тели; не остана ниеден од нив.
12 И тие поверуваа на зборовите Него­ви и Му испеаја похвала.
13 Но тие набргу ги заборавија делата Негови, не го дочекаа Неговото реше­ние;
14 се занесоа од похотливоста во пус­тината, па Го искушуваа Бога во без­водната земја.
15 Тој го исполни нивното барање, но прати и пораз за душите нивни.
16 Му позавидоа на Мојсеј во логорот и на Арон, светецот Гос­подов.
17 Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината на Ави­рон.
18 И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори нечестивите.
19 Направија теле на Хорив и му се поклонија на идолот.
20 Ја заменија својата слава со лик на теле, што јаде трева.
21 Го заборавија Бога, својот Спаси­тел, Кој изврши големи дела во Египет,
22 чудеса во Хамовата земја, страш­ни дела при Црвеното Море.
23 И рече дека ќе ги истреби, но Мој­сеј, Неговиот избраник, се застапи за нив во пукнатината, за да ја од­врати јароста Негова, та да не ги погуби.
24 Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов;
25 и роптаа во шаторите свои, не го послушаа гласот Господов.
26 Тој крена рака и им се заколна дека ќе ги погуби во пустината,
27 ќе го расее нивното семе меѓу на­родите и дека ќе ги растури по земјите.
28 Тие се придружија кон Ваал-Пе­ор и јадеа жртви, принесувани на мртви,
29 Го дразнеа Бога со делата свои, и на нив падна погибел.
30 Но стана Пинеас, се зазеде и по­морот престана.
31 И тоа му се прими за праведност од род во род довека.
32 И Го разгневија Бога кај водите на Мерива, и Мојсеј настрада заради нив,
33 зашто тие го огорчија духот негов, и тој згреши со устата своја.
34 Не ги истребија народите, за кои им беше рекол Господ,
35 туку се смешаа со незнабошците и свикнаа на нивните дела;
36 им служеа за нивните идоли, кои им станаа замка,
37 и ги жртвуваа синовите свои и ќер­ките свои на злите духови;
38 и проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои, што им ги жртвуваа на хананските идоли, па земјата се извалка од таа крв;
39 се осквернија со делата свои, блудствуваа со постапките свои.
40 Се разгоре гневот на Господ против Неговиот народ, и Му омрзна наследството Негово,
41 па ги предаде во рацете на непријателите и завладеаја над нив оние што ги мразеа.
42 Непријателите нивни ги угнетуваа, и тие се покоруваа под нивната рака.
43 Многупати ги избавуваше, но тие беа бунтовни со своите намери, па беа понижени поради своите беззаконија.
44 Па сепак, Тој погледна на нивната потиштеност, кога ги слушаше нивните молби,
45 си спомна на Својот завет со нив, се сожали поради големата милост Своја;
46 па поттикна сожалување спрема нив кај оние што ги беа заробиле.
47 Спаси нѐ, Господи, Боже наш, и со­бери нѐ од незнабошците за да го сла­виме Твоето свето име, да се фалиме со Твојата слава!
48 Нека е благословен Господ, Бог Израелов, отсекогаш засекогаш! И сите луѓе нека велат: Амин! Амин! Алилуја.