Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 105

:
Macedonian - 2006
1 Славете Го Господа; повикувајте го Неговото име; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови.
2 Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса.
3 Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа.
4 Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово.
5 Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и су­довите од устата Негова,
6 вие, семе Авраамово, слуги Него­ви, синови Јаковови, избраници Не­гови.
7 Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја.
8 Тој вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во илјада ро­дови,
9 што му го ветил на Авраам, и заклетвата Своја на Исак;
10 и му го поставил тоа како закон на Јаков и како вечен завет на Израел,
11 велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам Хананската земја во ваше наследство.“
12 Тогаш тие беа уште малку на број, многу малку, и беа придојдени во неа,
13 па одеа од народ во народ, од едно царство кон друг народ;
14 никому не му дозволуваше Тој да ги угнетува и цареви за нив караше:
15 „Не допирајте се до Моите пома­зани, на Моите пророци не правете им зло!“
16 И пушти глад во таа земја и секој лебен клас го сотре.
17 Испрати пред нив човек: како роб беше продаден Јосиф.
18 Ги стегнаа во окови нозете негови, железо околу вратот негов,
19 додека се исполни зборот негов: зборот Господов го потврди.
20 Царот прати по него, го одврзаа, кнезот над народите го ослободи.
21 Го постави за домаќин над домот свој и управител над сиот имот свој,
22 за да ги поучува кнезовите според својата волја и старешините негови да ги учи на мудрост.
23 Тогаш дојде Израел во Египет, и Јаков се всели во Хамовата земја.
24 Го умножи Бог многу Својот народ и го направи посилен од непријателите негови.
25 Се преврте срцето нивно и тие го замразија народот Негов, и почнаа да им пакостат на слугите Негови.
26 Го испрати Мојсеј, слугата Свој, и Арон, кого го избра.
27 Тие ги покажаа меѓу нив Неговите знаци и чудесата Негови во Хамовата земја.
28 Испрати темнина и се смрачи, и тие не се спротивставија на зборот Негов.
29 Ја претвори водата нивна во крв и ја уништи рибата нивна.
30 Се исполни земјата нивна со жаби, дури и собите на царот нивен.
31 Тој заповеда: и нападнаа рој муви и мушички по сите нивни предели.
32 Наместо дожд, испрати врз нив град, оган што ја гореше земјата нивна,
33 и ги уништи лозјата нивни и смок­вите нивни, ги сотре сите дрвја во нив­ните предели.
34 Рече и нападнаа скакулци и гасеници безброј;
35 и ја изедоа сета трева по земјата нивна, ги испојадоа сите плодови на нивите нивни.
36 И го погуби секое првородено во земјата нивна, првините од сиот нивен труд.
37 Ги изведе Израелците со сребро и злато, и немаше болен во племињата нивни.
38 Се зарадува Египет поради нивното излегување, бидејќи го беше обзел страв од нив.
39 Тој им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноќе.
40 Бараа, и Тој им прати потпо­лошки и со леб небесен ги наситуваше.
41 Расцепи камен и потекоа води, потекоа како река по безводната земја,
42 зашто се сети на Својот свет збор кон Авраам, Својот слуга.
43 Па го изведе Својот народ со радост, Своите избрани со веселба,
44 и им даде незнабожечки земји, и така наследија плодови од други народи,
45 за да ги чуваат наредбите Негови и да ги исполнуваат законите Негови. Алилуја!