1Ќе пеам за верноста и за правдата — Тебе, Господи, ќе Ти свирам!
2Ќе размислувам за патот непорочен: кога ќе го достигнам? Среде мојот дом ќе одам со чисто срце.
3Нема да ставам пред очите мои ништо пакосно; ги мразам делата на отпадниците — тие нема да се прилепат за мене.
4Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакам да знам.
5Оној што тајно го клевети ближниот свој, ќе го погубам; оној што е со горделиви очи и ненаситно срце, не го поднесувам.
6Очите ми се управени кон верните по земјата, за да седат со мене; кој оди по патот непорочен, тој ќе ми служи.
7Нема да остане во мојот дом оној, кој прави сплетки; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои.
8Секојдневно ќе ги истребувам сите нечестиви од земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите злосторници.