1Воскликни Му на Господ, цела Земјо!
2Служете Му на Господ со радост; излегувајте пред Него со восклик!
3Знајте дека Господ е Бог, дека Тој нѐ создаде нас, а не ние самите; Негови сме — Негов народ и овци од Неговото пасиште.
4Влегувајте низ Неговите порти со славословие, во Неговите дворови со песна; славете Го, фалете го името Негово,
5зашто добар е Господ: Неговата милост е вечна и Неговата верност е од род во род.