Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Proverbs 31

:
Macedonian - 2006
1 Зборовите на царот Лемуел, со кои го поучила неговата мајка.
2 Ах, сине мој! Ах, сине на утробата моја! Ах, сине на заветите мои!
3 Не давај им ја на жени силата своја, ниту судбината своја на оние од нив, кои цареви погубуваат.
4 Не е за царевите, Лемуеле, не е за царевите вино да пијат, ниту за кнезовите жесток пијалак,
5 за да не го заборават, откако ќе се опијат, законот и да ја искривуваат правдината на угнетените.
6 Дајте му алкохол на оној што оди во погибел; вино нека пијат оние со мака во душата своја;
7 нека пивне тој за да ја заборави сиромаштијата своја и да не ги чувствуваат веќе болките свои.
8 Отворај ја устата своја за обесправениот, и за заштита на сираци.
9 Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.
10 Кој ќе најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените ка­мења.
11 Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка;
12 таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.
13 Набавува волна и лен, и весело ра­боти со рацете свои.
14 Таа е како трговски кораб, оддале­ку си донесува храна.
15 Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои.
16 Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.
17 Ја препашува со сила половината своја и ги зајакнува рацете свои.
18 Таа гледа колку ѝ напредува работата, и светилката нејзина не се гасне ноќе.
19 Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се фаќаат за вретеното.
20 Дланката своја му ја отвора на си­ромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава.
21 Не се плаши од студ за челадта сво­ја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта.
22 Таа си ткае покривачи: од висон и пурпур е нејзината облека.
23 Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата.
24 Таа работи покривки и ги продава, и со појаси ги снабдува Хананците.
25 Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината.
26 Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин.
27 Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност.
28 Стануваат децата и ја благословуваат, мажот, и тој ја фали:
29 „Многу жени добродетелни има­ло, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.“
30 Миловидноста е примамлива и уба­вината суетна; но жена, која се плаши од Господ, е достојна за пофалба.
31 Дајте ѝ од плодовите на нејзините раце, и нека се прославува кај градските порти поради делата свои!