Proverbs 302006

1Зборовите на Агур, син Јакеов; негово пророштво, кажано на Итиел, на Итиел и Укал.

2Навистина, јас сум понеук од кого и да било меѓу луѓето, и во мене нема разум човечки,

3и не се научив на мудрост, и не успеав да Го запознаам Сесветиот.

4Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрал ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е името на синот негов? Знаеш ли?

5Секој збор од Бога е чист; Тој му е штит на оној, што се надева на Него.

6Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.

7За две работи те молам; не ми откажувај пред да умрам:

8суетата и лагата оддалечи ги од мене, сиромаштија и богатство не ми давај, — храни ме со насушниот леб,

9та, откако ќе се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: „Кој е Господ“ или, откако ќе осирома­шам, да не почнам да крадам и да го употребувам името на мојот Бог напразно.

10Не клевети го слугата пред господарот негов, за да не те проколне, и ти да останеш виновен.

11Има изроди, кои го колнат својот татко и не ја благословуваат својата мајка.

12Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои.

13Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови!

14Има изроди чии заби се како ме­чеви, а вилиците нивни се како ножеви, за да ги изедуваат сиромасите по земјата и немоќните меѓу луѓето.

15Ненаситноста има две ќерки: „Дај, дај!“ Има три работи ненаситни и чети­ри што не велат: „Доволно е.“

16Тоа се: пеколот и утробата неплодна, земјата што не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: „Доста!“

17Око, што му се потсмева на татко си и не сака да се покорува на мајка си, ќе биде исколвано од долински гаврани и од орлови пилци изедено!

18Три работи се недостижни за мене, и четири што не ги разбирам:

19патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, пате­ките на бродот среде море и патот на маж кон девица.

20Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата сво­ја, па вели: „ништо лошо не сум напра­вила.“

21Од три работи се тресе земјата, и четири кои не може да ги поднесе:

22слуга, кога ќе стане цар; безумен, кога до наситување ќе се најаде со хра­на,

23развратна жена, кога ќе се омажи, и слугинка, кога го зазема местото на гос­подарката своја.

24Има четири мали животни на земјата, но тие се помудри и од муд­реците:

25мравките — во кои нема сила, но лете сепак си ја приготвуваат храната;

26јазовците — иако слаби животни, но ги прават куќите свои во камен;

27скакулците, кои немаат цар, но излегуваат во војна сите во редови;

28пајакот, кој со раце се лови, но се наоѓа и во царските палати.

29Еве три, кои убаво чекорат, и чети­ри, кои свечено настапуваат:

30лавот, најсилен меѓу ѕверовите, кој нема да се врати и да се исплаши од никого;

31грациозна газела или козел, и цар на чело на својата војска.

32Ако гордоста те тера на безумни дела и си намислил зло, стави ја раката на устата своја.

33Зашто, како што кога се бие млеко, се добива масло, и кога ќе се удри носот, потечува крв, така и кога се предизвикува гнев, произлегува кавга.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Proverbs 30.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.