Proverbs 32006

1Синко, не заборавај ја поуката моја и срцето твое да ги чува за­поведите мои;

2зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир.

3Милоста и вистината да не бидат скудни во тебе: обеси ги на вратот свој, напиши ги врз плочите на срцето свое,

4па ќе најдеш милост и благоволение пред очите на Бога и на луѓето.

5Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум.

6По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.

7Не сметај се за мудрец; имај страв од Господ и бегај од злото:

8тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски.

9Давај Му принос на Господ од имотот твој и од првините на плодо­вите од твоите придобивки,

10и твоите житници ќе се исполнат до врвот, а твоите преси ќе се прелеваат од вино.

11Не занемарувај ја, синко, казната од Господ, и да не ти е тешко од Него­вото укорување;

12зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби.

13Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил ра­зум;

14подобро е да ја добиеме неа, откол­ку ризници со сребро и злато;

15таа е поскапа и од скапоцените ка­мења; и сѐ што ти е мило, не може да се спореди со неа.

16Во десницата нејзина е долговеч­носта, а во левицата ѝ е богатството и честа;

17патиштата нејзини се пријатни па­тишта, и сите патеки нејзини се спокој­ни.

18Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, оние кои ја запазуваат.

19Господ со мудрост ја основа земјата, со разум ги утврди небесата;

20преку Неговата мудрост се отвораат бездните, и облаците пуштаат роса.

21Синко, не испуштај ги од превид овие работи; запази ја мудроста и разумот;

22тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој;

23тогаш ќе одиш безопасно по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне.

24Кога ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен.

25Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците,

26бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од препнување.

27Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне.

28Не вели му на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам“ кога си во состојба да му помогнеш.

29Не крој зло против ближниот свој, кога тој со доверба живее кај тебе.

30Не карај се со човек без причина, кога не ти направил никакво зло.

31Не завидувај му на човек кој пос­тапува насилно, и не избирај ни еден од патиштата негови,

32зашто на Господ Му е одвратен без­божникот, а близок е со праведникот.

33Проклетството Господово е врз до­мот на безбожниот, а живеали­штето на праведниот Бог го благо­словува.

34Над оние што се подигруваат, Тој им се потсмева, а на смирените им дава благодат.

35Мудрите ќе наследат слава, а без­умните — срам.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Proverbs 3.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.