Proverbs 132006

1Мудриот син ја слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот.

2Од плодот на устата своја човекот ќе вкуси добро, а душата на беззаконикот е полна со насилство.

3Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отвора устата своја, тешко нему.

4Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ќе се насити.

5Праведниот го мрази лажливиот збор, а безбожниот се однесува бесрамно и одвратно.

6Правдата го чува непорочниот, а безбожноста го погубува грешникот.

7Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажува за сиромав, а има големо богатство.

8Понекогаш богатиот со пари го откупува својот живот, додека сиромавиот не треба од тоа да се плаши.

9Светлината на праведниците свети силно, а светилото на нечесните згаснува.

10Од гордоста произлегува кавга, а мудроста е во оние што примаат совет.

11Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.

12Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е како дрво на животот.

13Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ќе му се даде награда.

14Поуката на мудриот е извор на животот; таа го избавува од мрежите на смртта.

15Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззакониците, води во пропаст.

16Секој благоразумен работи со знае­ње, а глупавиот се истакнува со глупости.

17Лош гласник носи беда, а верен гласник е спасение.

18Немаштија и срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави.

19Исполнетата желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото.

20Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде.

21Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се враќа добро.

22Добриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните.

23Праведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат.

24Кој ја жали прачката, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува од детските години.

25Праведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од не­достиг.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Proverbs 13.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.