Proverbs 102006

1Мудар син го радува татко си, а безумниот син е тага на мајка си.

2Неправедно стекнато богатство не донесува полза, а правдата од смрт спасува.

3Господ не допушта да гладува душа­та на праведникот, но богатството на безбожниците го одзема.

4Мрзливата рака донесува сиромаш­тија, а раката на работливиот збогатува.

5Кој собира преку летото, е разумен син, а кој спие за време на жетва, е не­разумен син.

6Благослов почива врз главата на праведниот, а насилство им ја затвора устата на беззакониците.

7Споменот за праведниот ќе биде благословен, а името на нечестивите ќе биде проколнато.

8Мудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне.

9Кој оди во непорочност, оди без страв; а кој ги искривува патиштата свои, ќе биде казнет.

10Кој намигнува со очите, беда донесува, а кој глупаво зборува — про­паѓа.

11Устата на праведникот е извор на животот, а насилството им ја затвора устата на беззакониците.

12Омразата предизвикува раздори, а љубовта ги покрива сите гревови.

13Во устата на разумниот има муд­рост, а за грбот на глупавиот — стап.

14Мудрите го чуваат знаењето, а устата на глупавиот е близу до смртта.

15Имотот на богатиот е негов утврден град, а пропаст за бедните е нивната си­ромаштија.

16Трудот на праведникот води кон живот, успехот на нечестивиот — кон грев.

17Кој ја пази поуката, тој е на патот кон животот; а кој го отфрла разо­б­личувањето — сѐ губи.

18Кој крие омраза, има лажлива уста; а кој шири клевети, е глупав.

19При многу зборување не се избегнува гревот, а разумен ќе бидеш ако ја воздржуваш устата своја.

20Јазикот на праведниот е одбрано сребро, а срцето на нечестивите — нема вредност.

21Устата на праведниот поучува мно­зина, а глупавите умираат од недостиг на разум.

22Благословот Господов — збогатува, и не донесува со себеси тага.

23Глупавиот со веселба го прави она што е престапно, а на разумниот човек мудроста му е својствена.

24Од она од што се плаши нечестиви­от, тоа ќе го снајде, а желбата на пра­ведниците ќе се исполни.

25Како што виорот минува, така и нечестивиот ќе исчезне; а праведникот е врз вечни основи.

26Она што е оцетот за забите и димот за очите, тоа е мрзливиот за оние што го праќаат.

27Стравот Господов додава денови, а годините на нечестивите ќе се скратат.

28Очекувањето на праведниците е радост, а надежта на нечестивите ќе загине.

29Патот Господов е крепост за непо­рочниот, а пропаст за оние, што вршат беззаконие.

30Праведниот нема да се поколеба ни­когаш, а лошите нема долго да живеат на земјата.

31Од устата на праведникот тече мудрост, а развратниот јазик ќе биде пресечен.

32Устата на праведникот го познава благопријатното, устата на нечес­тивите — развратното.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Proverbs 10.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.