Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Proverbs 9

:
Macedonian - 2006
1 Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови,
2 ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја;
3 ги испрати слугите свои да огласат од градските височини:
4 „Кој е неразумен, да наврати ту­ка!“ И на малоумните таа им рече:
5 „Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила;
6 оставете ја неразумноста, и ќе жи­веете; одете по патот на разумот.“
7 Кој поучува бесрамник, ќе си спе­чали укор, и кој го разобличува нечес­тивецот срам.
8 Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака.
9 Дај му совет на мудриот, и тој ќе би­де уште помудар; научи го праведниот, и тој ќе го збогати своето знаење.
10 Почеток на мудроста е верноста кон Господ, а почитувањето на Све­тиот е разум;
11 зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот.
12 Ако си мудар, мудар си за себеси; и ако си лош, самиот ќе страдаш.
13 Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира,
14 седнува пред куќната врата на стол, по високите места на градот,
15 за да им вели на минувачите, што си одат право по патот:
16 „Кој е глупав, нека наврати тука“, а на малоумните им вели:
17 „Крадената вода е слатка, и сокрие­ниот леб е пријатен.“
18 И тој не знае дека таму се мртов­ците, и дека поканетите од неа се на дното од пеколот.