1По тој пораз Господ му рече на Мојсеј и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејќи:
2„Преброј го целото општество на синовите израелски од дваесет години нагоре, според семејствата нивни, сите способни за војување во Израел.“
3И им рекоа Мојсеј и свештеникот Елеазар во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи:
4„Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ на Мојсеј и на синовите израелски, кога излегоа од египетската земја:
5Рувим, првороден син Израелов. Рувимови потомци: од Анох — родот Аноховци, од Палу — родот Палуовци,
6од Есром — родот Есромовци, од Карми — родот Кармиевци;
7тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три илјади седумстотини и триесет.
8Палуовите потомци: Елијав,
9и Елијавовите синови: Немуел, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, претставници во Соборот, кои предизвикаа смут против Мојсеј и Арон заедно со групата на Кореј, кога тие предизвикаа бунт против Господ;
10па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореј: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример;
11но синовите на Кореј не умреа.
12Симеоновите потомци според поколенијата нивни: од Немуел — Немуеловото поколение, од Јамин — Јаминовото поколение, од Јахин — Јахиновото поколение,
13од Зерах — Зераховото поколение, од Саул — Сауловото поколение;
14тоа се Симеоновите родови: дваесет и две илјади и двесте.
15Гадови потомци според родовите нивни: од Цефон — родот Цефоновци, од Хагиј — родот Хагиевци, од Шуниј — родот Шуниевци,
16од Озниј — родот Озниевци, од Ериј — родот Ериовци,
17од Арод — родот Ародовци, од Арелиј — родот Арелиевци;
18тоа се родовите на Гадовите потомци, според пребројувањето нивно: четириесет илјади и петстотини.
19Јудините потомци: Ер и Онан, Ер и Онан умреа во хананската земја;
20Јудините синови според поколенијата нивни беа: од Сала — Салаовото поколение, од Фарес — Фаресовото поколение, од Зерах — Зераховото поколение.
21Фаресови синови беа: од Есром — Есромовото поколение, од Хамул — Хамуловото поколение;
22тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест илјади и петстотини.
23Исахарови потомци според поколенијата нивни: од Тола — Толовото поколение, од Пуа — Пуиното поколение,
24од Јашув — Јашувовото поколение, од Шимрон — Шимроновото поколение;
25тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири илјади и триста.
26Завулонови потомци според родовите нивни: од Серед — родот Середиев, од Елон — родот Елонов, од Јахлеел — родот Јахлеелов.
27Тоа се Завулоновите родови, според пребројувањето нивно: шеесет илјади и петстотини.
28Јосифови потомци според поколенијата нивни: Манасија и Ефрем.
29Манасиеви потомци: од Махир — Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаад — Галаадово поколение.
30Еве ги Галаадовите потомци: од Иезер — Иезеровото поколение, од Хелек — Хелековото поколение,
31од Азриил — Азрииловото поколение, од Шехем — Шехемовото поколение,
32од Шемида — Шемидаовото поколение, од Хефер — Хеферовото поколение.
33Салпаад, син Хеферов, немаше синови, туку само ќерки; имињата на Салпаадовите ќерки беа: Махла, Ноа, Хогла, Милка и Тирца.
34Тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две илјади и седумстотини.
35Еве ги Ефремовите потомци според родовите нивни: од Шутел — Шутеловиот род, од Бехер — Бехеровиот род, од Тахан — Тахановиот род.
36А еве ги Шутеловите потомци: од Еран — Ерановиот род.
37Тоа се родовите на Ефремовите потомци, според пребројувањето нивно: триесет и две илјади и петстотини. Тоа се Јосифовите потомци според поколенијата нивни.
38Венијаминовите потомци според поколенијата нивни: од Бела — Белаовото поколение, од Ашбел — Ашбеловото поколение, од Ахирам — Ахирамовото поколение;
39од Шефуфам — Шефуфамовото поколение; од Хуфам — Хуфамовото поколение.
40Синови на Бела беа: Арди и Нааман: од Ард — Ардово поколение, од Нааман — Наамановото поколение;
41тоа се Венијаминовите потомци според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет илјади и шестотини.
42Еве ги Дановите потомци според родовите нивни: од Шухам — Шухамовиот род; тоа се родовите Данови според поколенијата нивни.
43А сите Шухамови родови според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири илјади и четиристотини.
44Асирови потомци според поколението нивно: од Јимна — Јимнаовото поколение, од Јишви — Јишвиевото поколение, од Берија — Бериевото поколение.
45Од Бериевите синови, од Хевер — Хеверовото поколение, од Мелхиил — Мелхииловото поколение.
46Името на Асировата ќерка беше Зара.
47Тоа се поколенијата на Асировите потомци според пребројувањето нивно: педесет и три илјади и четиристотини.
48Нефталимови потомци според родовите нивни: од Јахцеел — Јахцееловиот род, од Гуниј — Гуниевиот род;
49од Јецер — Јецеровиот род, од Шилем — Шилемовиот род;
50тоа се Нефталимовите родови според пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет илјади и четиристотини.
51Тоа се влезените во пребројувањето синови израелски: шестотини и една илјада седумстотини и триесет.“
52И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
53„Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата;
54на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето;
55земјата треба да се подели со ждрепка; тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови;
56со ждрепка да им се поделат нивните делови — како на многубројните, така и на малубројните.“
57А тоа се Левиевите родови што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон — Гирсоновото поколение, од Каат — Каатовото поколение, од Мерариј — Мерариевото поколение.
58Ова се Левиевите родови: родот Ливниев, родот Хеврониев, родот Махлиев, родот Мушиев, родот Кореов. Од Каат се роди Амрам.
59Името на Амрамовата жена беше Јохевед, ќерка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му ги роди на Амрам Арон, Мојсеј и Мирјам, нивната сестра.
60На Арон му се родија Надав и Авиу, Елеазар и Итамар;
61но Надав и Авиу умреа, кога принесоа туѓ оган пред Господ.
62Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три илјади; тие не беа преброени заедно со синовите израелски, зашто не им беше даден дел меѓу синовите на Израел.
63Тоа се преброените од Мојсеј и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите израелски во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон;
64меѓу нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите израелски во Синајската Пустина;
65зашто Господ им беше рекол дека тие ќе изумрат во пустината. И никој од нив не остана, освен Јефунеовиот син Халев и Навиновиот син Исус.