Numbers 252006

1Израел живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав;

2и тие го покануваа народот да при­суствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни.

3И му се приклони Израел на Ва­ал-Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израел.

4И му рече Господ на Мојсеј: „Земи ги сите началници народни и обеси ги пред Господ спроти сонцето, и ќе се одврати јаросниот гнев Господов од Израел.“

5Тогаш Мојсеј им рече на судиите израелски: „Секој нека ги убие своите луѓе што му служат на Ваал-Фегор.“

6И ете, еден од синовите на Израел дојде и доведе кај еден од своите со­браќа една Мидјанка, пред очите на Мојсеј, и пред очите на целото оп­штество на синовите израелски, кога тие плачеа при влезот од скинијата на собранието.

7Финес, синот на Елеазар, син на свеш­теникот Арон, кога го виде тоа, стана среде општеството и зеде во раката копје,

8и влезе по Израелецот во блу­ди­лиштето и ги прободе и обајцата: Изра­елецот и жената во утробата нејзина; и престана поморот на синовите израел­ски.

9А умрените од помор беа дваесет и четири илјади.

10И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

11„Финес, синот на Елеазар, син на свештеникот Арон, ја одврати јароста Моја од синовите израелски, покажу­вајќи меѓу нив ревност за Мене, и Јас не ги истребив синовите на Израел во ревноста Своја.

12Така кажи им: ете, Јас му давам мирен завет;

13и тој ќе биде за него и за потомството негово по него завет на вечно свештенство, затоа што покажа ревност за својот Бог и Го омилостиви за си­новите израелски.“

14Името на убиениот Израелец, кој беше убиен со Мидјанката, е Замвриј, син на Салу, началник на родот Симе­оновци;

15а името на убиената Мидјанка е Коз­би; таа беше ќерка на Цур, начал­ник на едно од племињата на Мидјани­те.

16Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

17„Сметајте ги за непријатели Мидја­ните и поразувајте ги,

18зашто тие со подмолноста своја постапуваа непријателски спрема вас, соблазнувајќи ве со Фегор и со Козби, ќерката на мидјанскиот началник, нив­на сестра, убиена во денот кога имаше помор поради Фегор.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Numbers 25.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.