Nehemiah 82006

1Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови беа населени по градовите, се собра сиот народ едно­душно на плоштадот што се наоѓа пред Водните Порти, и му рекоа на кни­жникот Ездра да ја донесе книгата на Мојсеевиот закон, која Господ му ја беше дал на Израел.

2И свештеникот Ездра го донесе законот пред собранието од мажи, жени и сите што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец;

3и читаа од него на плоштадот што е пред Водните Порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и сиот народ со внимание ја слушаше книгата на законот.

4Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Матитија, Шема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасеја, а лево од него — Федаја, Мисаил, Малкија, Хашум, Хашба­дана, Захарија и Мешулам.

5Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стое­ше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана.

6Тогаш Ездра Го благослови Гос­пода, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, — кревајќи ги рацете нагоре, поклонувајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господ.

7А левитите Јешуа, Ваниј, Шеревија, Јамин, Акув, Шабетај, Ходија, Маасеја, Келита. Азарија, Јозавад, Ханан, Пела­ја му го објаснуваа зако­нот на народот, а народот стоеше на местата свои.

8И читаа разбирливо од книгите, од законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.

9Тогаш Неемија, и книжникот Ез­дра, свештеник, и левитите, кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Овој ден е свет пред Господ, вашиот Бог; не тажете и не плачете,“ — зашто сиот народ плачеше, слушај­ќи ги зборовите на законот.

10И им рече: „Одете, јадете добри јадења и пијте добри пијалаци, и ис­пратете им и на оние што немаат при­готвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господ е поткре­па за вас.“

11И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: „Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.“

12И појде сиот народ да јаде и да пие и да дели и на оние што немаа и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите што им ги кажаа.

13На другиот ден се собраа старе­шините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите кај книжни­кот Ездра, за да им ги објасни зборо­вите на законот.

14И го најдоа напишаното во за­конот што Господ го беше дал преку Мојсеј дека на празникот во седмиот месец синовите Израелови треба да живеат во колиби.

15Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, ве­лејќи: „Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива маслина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја за да направите колиби според запишаното.“

16Отиде народот и донесоа, та си направија колиби, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворо­вите на Божјиот дом, и на плоштадот кај Водните Порти, и на плоштадот кај Ефремовите Порти.

17Целата заедница на оние, што се беа вратиле од пленство, направи колиби и живееја во колиби. Од дните на Исус, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израе­лови. Радоста беше многу голема.

18И читаа од книгата на законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празни­кот седум дена, а на осмиот ден — се одржа собор според уредбата.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Nehemiah 8.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.