Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Nehemiah 7

:
Macedonian - 2006
1 Кога ѕидот беше изграден, и ги поставија вратите, а и вратарите беа поставени на службата своја, и пејачите, и левитите,
2 тогаш управувањето на Ерусалим му го доверив на мојот брат Ананија, заедно со началникот на тврдината, Ананија, бидејќи тој беше од многу други поверен и побогобојазлив,
3 и им реков: нека не ги отвораат ерусалимските порти, додека не из­грее сонцето; и навечер, додека врата­рите се наоѓаат тука, нека ги затвораат и заклучуваат портите. И определив стражари од жителите ерусалимски, секој на своја стража и секој спроти куќата негова.
4 Но градот беше широк и голем, а народ во него имаше малку, и куќите не беа изградени.
5 А мојот Бог ме вдахнови да ги соберам првенците и началниците и народот за да бидат внесени во родо­словниците. Па го најдов родо­словниот список на оние што беа дошле први; во него беше напишано:
6 ова се жителите на земјата, кои се вратија од пленство, каде што беа преселени од вавилонскиот цар Наву­ходоносор и се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град
7 оние што тргнаа со Зоровавел, Јешуа, Неемија, Азарија и Раамија, Нахаманиј, Мардохеј, Билшан, Мис­перет, Бигвај, Нехум и Баана. Еве го бројот на народот Израелов:
8 потомци на Парош две илјади сто седумдесет и двајца.
9 Потомци на Сафатија триста седумдесет и двајца.
10 Потомци на Арах шестотини педесет и двајца.
11 Потомци на Пахат-Моав, односно, потомци на Јешуа и Јоав две илјади осумстотини и осумнаесет.
12 Потомци на Елам илјада двесте педесет и четири.
13 Потомци на Зату осумстотини четириесет и пет.
14 Потомци на Закај седумстотини и шеесет.
15 Потомците на Бинуј шестотини четириесет и осум.
16 Потомци на Бевај шестотини дваесет и осум.
17 Потомци на Азгад две илјади триста дваесет и двајца.
18 Потомци на Адоникам шестотини шеесет и седум.
19 Потомци на Бигвај две илјади шеесет и седум.
20 Потомци на Адин шестотини педесет и пет.
21 Потомци на Атер, од Езекиевиот дом деведесет и осум.
22 Потомци на Хашум триста дваесет и осум.
23 Потомци на Бецај триста дваесет и четири.
24 Потомци на Хариф сто и дванаесет.
25 Жители од Гаваон деведесет и пет.
26 Жители од Витлеем и Нетофа сто осумдесет и осум.
27 Жители од Анатот сто дваесет и осум.
28 Жители од Бет-Азмавет четириесет и двајца.
29 Жители од Кирјат-Јарим, Кефира и Беерот седумстотини четириесет и тројца.
30 Жители од Рама и Гева шестотини дваесет и еден.
31 Жители од Микмас сто дваесет и двајца.
32 Жителите од Ветил и Гај сто дваесет и тројца.
33 Жители од другиот Нево педесет и двајца.
34 Потомци од другиот Елам илјади двесте педесет и четворица.
35 Потомци на Харим триста и дваесет.
36 Луѓе од Ерихон триста четирие­сет и пет.
37 Луѓе од Лод, Хадид и Оно седумстотини дваесет и еден.
38 Жители од Сенаа три илјади деветстотини и триесет.
39 Свештеници: потомци на Једаја од домот на Јешуа деветстотини седумдесет и тројца.
40 Потомци на Имер илјада педе­сет и двајца.
41 Потомци на Пашхур илјада двесте четириесет и седум.
42 Потомци на Харим илјада и седумнаесет.
43 Левити: потомци на Јешуа, и Кадмиел, од родот на Ходева седумдесет и четири.
44 Пејачи, потомци на Асаф сто четириесет и осум.
45 Чувари на портите: потомци на Селум, потомци на Атер, потомци на Талмон, потомци на Акув, потомци на Хатита, потомци на Шовај сто триесет и осум.
46 Прислужници во храмот: потомци на Циха, потомци на Хасуфа, потомци на Табаот,
47 потомци на Керос, потомци на Сиа, потомци на Падон,
48 потомци на Левана, потомци на Хагава, потомци на Салмај,
49 потомци на Ханан, потомци на Гидел, потомци на Гахар,
50 потомци на Реаја, потомци на Рецин, потомци на Некода,
51 потомци на Газам, потомци на Оза, потомци на Пасеах,
52 потомци на Бесај, потомци на Меуним, потомци на Нефушесим,
53 потомци на Бакбук, потомци на Хакуфа, потомци на Хархур,
54 потомци на Бацлит, потомци на Мехида, потомци на Харша,
55 потомци на Баркос, потомци на Сисера, потомци на Темах,
56 потомци на Нецијах, потомци на Хатифа.
57 Потомци на слугите Соломонови: потомци на Сотај, потомци на Софе­рет, потомци на Перида,
58 потомци на Јаала, потомци на Даркон, потомци на Гидел,
59 потомци на Сафатија, потомци на Хатил, потомци на Похерет-Хаце­ваим, потомци на Амон.
60 Сите прислужници на храмот и потомците од слугите Соломонови беа на број триста деведесет и двајца.
61 Еве ги и оние што дојдоа од Тел-Мелах, Тел-Харша, Керув-Адон и Имер, но не можеа да го кажат поколението свое и родот свој, дали се и тие од Израел:
62 потомците на Делаја, потомците на Товија, потомците на Некода шестотини четириесет и двајца.
63 А од свештениците: потомците на Ховаја, потомците на Хакоц, потомците на Верзелиј, кој беше женет со една од ќерките на Верзелиј од Галаад и почна да се презива според нивното име.
64 Тие го бараа родословниот спи­сок, но не се најде, та затоа беа исклу­чени од свештенството.
65 А управителот им забрани да јадат од најсветото на жртвите, сѐ додека не се избере свештеник со урим и тумим.
66 Целото општество заедно беше четириесет и две илјади и триста шее­сет души,
67 освен слугите нивни, кои беа седум илјади триста триесет и седум; и со нив пејачи и пејачки уште двесте четирие­сет и пет. Коњи имаа седумстотини триесет и шест, маски имаа двесте четириесет и пет,
68 камили четиристотини триесет и пет, магариња шест илјади седумстотини и дваесет.
69 Некои од родовските началници дадоа прилози за изградба. Управите­лот даде во ризницата илјада златни даријки, педесет чаши, петстотини и триесет свештенички одежди.
70 А некои од старешините дадоа во ризницата за да напредуваат рабо­тите, дваесет илјади златни даријки и две илјади и двесте мини сребро.
71 Други од народот дадоа дваесет илјади златни даријки и две илјади мини сребро и шеесет и седум свеш­тенички одежди.
72 И така се населија во градовите свои свештениците и левитите, и вра­тарите и пејачите, и народот и слуги­те на храмот и сиот Израел.