Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Nehemiah 13

:
Macedonian - 2006
1 Тој ден читаа од Мојсеевата книга гласно пред народот и најдоа напишано вака: Амонец и Моавец не смеат да влегуваат во Божјото општество дури довека.
2 Зашто тие не ги пресретнаа сино­вите на Израел со леб и вода, а го најмија против нив Валаам, за да ги проколне; но Бог наш ја претвори клетвата во благослов.
3 Кога го слушнаа тој закон, тие го одделија од Израел сѐ она што беше од друго племе.
4 А пред тоа свештеникот Елија­шив, поставен над одделите при домот на нашиот Бог, близок роднина на Товија,
5 одреди за него една голема соба, во која пред тоа ставаа лебен принос, темјан и садови, и десеток од житото, виното и маслото, определени со за­кон за левитите, певците и вратарите, и приносите за свештениците.
6 Кога се случуваше сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто во текот на триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс бев кај царот и по извесно време пак се измолив од царот
7 одново да се вратам во Ерусалим. Тогаш дознав за злото, што го беше направил Елијашив, определувајќи за Товија соба во дворот на Божјиот дом.
8 Ми стана многу непријатно, и јас ја исфрлив сета покуќнина на Товија надвор од собата,
9 и реков да ја исчистат собата и порачав пак да ги внесат таму садо­вите на Божјиот дом, лебниот принос и темјанот.
10 Дознав уште дека на левитите не им биле давани деловите, и дека левитите и певците што ја вршеа служ­бата своја, се разбегале секој на нивата своја.
11 Јас ги искарав за тоа началниците и реков: „Зошто е запустен Божјиот дом?“ И јас ги собрав и ги поставив по местата нивни.
12 И сите Јудејци почнаа одново да принесуваат десеток од житото, виното и маслото во одделите.
13 И ги поставив како настојници Шелемија, и книжникот Садок, и Феда­ја од левитите, а при нив и Ханан, синот Закуров, син Матаниев, зашто се сме­таа за верни. И на нив им беше нало­жено да раздаваат делови на браќата свои.
14 Спомни ме, Боже мој, за тоа, и не бриши ги сесрдните работи мои што ги направив за домот на мојот Бог и за службата при него!
15 Во тие дни видов во Јудеја дека во сабота гмечат грозје, возат снопја и товараат магариња со вино, грозје, смокви и секаков товар и го носат во саботен ден во Ерусалим. И јас ги искарав строго во истиот ден, кога ја продаваа таа храна.
16 И Тирци живееја во Јудеја и довезуваа риба и секаква стока и ја продаваа во сабота на јудејските жители и во Ерусалим.
17 Јас ги искарав првенците Јудејски и им реков: „Зошто вршите такво зло и го осквернувате саботниот ден?
18 Така правеа татковците ваши, та затоа нашиот Бог го испрати врз нас и врз овој град сето тоа зло? А вие го зго­лемувате гневот Негов против Израел, осквернувајќи ја саботата.“
19 Потоа, штом ќе зајдеше сонцето зад ерусалимските порти, спроти сабота, заповедав да ги затвораат вра­тите и по­рачував да не ги отвораат до утредента по сабота. А при портите поставив од своите слуги, та никаков товар да не премине во саботен ден.
20 Така трговците и продавачите на секаква стока ноќеваа еднаш и двапати надвор од Ерусалим.
21 Но јас ги скарав строго и им реков: „Зошто ноќевате до ѕидот? Ако го сторите тоа уште еднаш, ќе ставам рака на вас.“ Оттогаш тие не доаѓаат во са­бота.
22 И им реков на левитите да се очистат и да дојдат да чуваат стража при портите за да се зачува светоста на саботниот ден. Спомни ме и за тоа, Боже мој, и поштеди ме по големата Своја милост!
23 Во тие денови видов уште Јудејци што си беа зеле жени Ашдотки, Амонки и Моавки;
24 и затоа синовите нивни зборуваа полуашдотски, или според јазикот на другите народи, а јудејски не знаеја да говорат.
25 Јас ги искарав за тоа и ги проколнував, а некои мажи дури и ги тепав, косата им ја кубев и ги заколнував во Бога да не ги даваат ќерките свои за синовите нивни и да не ги земаат ќер­ките нивни за синовите свои и за себе.
26 Нели поради тоа, им зборував, грешел и Соломон, царот израелски? Во многу народи немало таков цар како него. Тој беше љубимец на својот Бог, и Бог го постави за цар над сите Изра­елци; но, пак, жени туѓинки го натераа во грев и него.
27 И треба ли да слушаме за вас дека вие го вршите сето тоа големо зло, бидејќи грешите пред нашиот Бог, земајќи жени туѓинки?
28 Еден од синовите на Јојада, син на првосвештеникот Елијашив, беше зет на Санавалат хорончанецот, јас го изгонив од Ерусалим.
29 Спомни им, Боже мој, дека тие го осквернија свештенството и заветот свештенички и левитски!
30 Така го очистив народот од сѐ друго земно и ги установив службите на свештениците и на левитите, на секого во неговата работа,
31 и довозот на дрва во определено време и првините. Спомни ме, Боже мој, за мое добро!