Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Nehemiah 12

:
Macedonian - 2006
1 Еве ги свештениците и левитите, што дојдоа со Зоровавел, синот Салатиилов, и со Јешуа: Сераја, Еремија, Ездра.
2 Амарија, Малух, Хатуш,
3 Шеханија, Рехум, Меремот,
4 Идо, Гинетој, Авија,
5 Мијамин, Маадија, Билга,
6 Шемаја, Јојарив, Једаја,
7 Салу, Амок, Хелкија, Једаја. Тоа се началниците на свештениците и бра­ќата нивни во дните на Јешуа.
8 А левитите: Јешуа, Бинуј, Мата­нија, главен при славословијата, тој и бра­ќата негови, Кадмиел, Шеревија, Јуда,
9 и Бакбукија и Униј, нивни браќа, кои заедно со нив служеа.
10 Јешуа го роди Јоаким, Јоаким го роди Елијашив, Елијашив го роди Јојада,
11 Јојада го роди Јонатан, Јонатан го роди Јадуа.
12 Во дните на Јоаким старешини на свештенички семејства беа: од Сера­иевиот дом Мераја, од Еремиевиот дом Ананија,
13 од домот на Ездра Мешулам, од Амариевиот дом Јоханан,
14 од Мелихуевиот дом Јонатан, од Шеваниевиот дом Јосиф,
15 од Харимовиот дом Адна, од Мерајотовиот дом Хелкај,
16 од Идовиот дом Захарија, до Гинетоновиот дом Мешулам,
17 од Авиевиот дом Зихриј, од Минјаминовиот дом и од Моадиевиот дом Пилтај,
18 од Билгаовиот дом Шамуа, од Шемаевиот дом Јонатан,
19 од Јојаривовиот дом Матенај, од Једаевиот дом Озиј,
20 од Салаевиот дом Калај, од Амоковиот дом Евер,
21 од Хелкиевиот дом Хашавија, од Једаевиот дом Натанаил.
22 Што се однесува до левитите, старе­шините на нивните семејства беа запи­шани во списокот во дните на Ели­јашив, Јојада, Јоханан и Јадуа; и исто така и свештениците до царувањето на Дариј персиски.
23 Синовите Левиеви, племенски ста­решини, се запишани во летописот до дните на Јоханан, Елијашивовиот син.
24 Началници на левитите беа: Хаша­вија, Шеревија, и Јешуа, Кад­миеловиот син, и браќата нивни, при нив поставени за славословие при благодаренијата, според наредбата на Давид, Божји чо­век, смена по смена.
25 Матанија, Бакбукија, Авдија, Ме­шулам, Талмон, и Акув беа вратари, кои чуваа стража при вратните пра­гови.
26 Тоа беше во дните на Јоаким, синот на Јешуа, Јоседеков син, и во дните на Неемија и на свештеникот Ездра, кни­ж­ник.
27 Кога требаше да се осветуваат еру­салимските ѕидови, ги повикаа левитите од сите места, и им запове­даа да дојдат во Ерусалим за да се изврши осветувањето и радосното празнување во сла­вословија и песни, при звукот на кимвали, псалтири и гусли.
28 Се собраа синовите на певците од Ерусалимскиот округ и од селата Нетофатски,
29 и од Бет-Гилгал, и од околината на Гева и Азмавет, зашто певците си беа изградиле села во околината на Еру­салим.
30 И се очистија свештениците и левитите, го очистија и народот и портите и ѕидовите.
31 Тогаш ги изведов на ѕидот јудеј­ските началници и поставив два големи хора певци, и едниот од нив одеше десно по ѕидот кон Гноишните Порти.
32 По нив одеше Хошаја и половината јудејски началници:
33 Азарија, Ездра, Мешулам,
34 Јуда, Венијамин, Шемаја и Еремија;
35 а од синовите свештенички со труби: Захарија, син на Јонатан, син на Шемаја, син на Матанија, син на Ми­хаја, син на Закур, Асафов син,
36 и браќата негови: Шамаја, Аза­риил, Милалај, Гилалај, Маај, Натанаил, Јуда и Ананија со свирките на Давид, Бож­јиот човек, и книжни­кот Ездра пред нив.
37 До Изворните Порти, спроти нив, тие излегоа по степеништата на Да­видовиот град, по скалите што водеа кон ѕидот над Давидовиот дом, до Водните Порти на исток.
38 Другиот хор врвеше наспроти нив, а по него јас и половината од на­родот, по ѕидот од Кулата кај печката до широкиот ѕид,
39 и од Ефремовите Порти, покрај Старите Порти и Рибните Порти и Хананеловата Кула, и кулата Меа, кон Овчите Порти, и застанавме при Затворските Порти.
40 Потоа и обата збора застанаа пред Божјиот дом, а и јас и половината началници со мене,
41 и свештениците: Елијаким, Маа­сеја, Минјамин, Михаја, Елјоенај, Заха­рија и Ананија со трубите,
42 Маасеја, Шемаја, Елеазар, Озиј, Јоханан, Малкија, Елам и Езер. А пев­ците пееја високо; водач им беше Јиз­рахија.
43 Во тој ден се принесоа големи жрт­ви и се веселеа, зашто Бог им беше дал голема радост. Се радуваа и жените, и децата и веселбата ерусалимска се слушаше надалеку.
44 Во истиот ден беа поставени луѓе над одделите за приноси од првините и десетоците, за да ги собираат од нивите околу градовите, делови определени со законот за свештениците и левитите, зашто на Јудејците им беше драго да ги гледаат свештениците и левитите кои служеа,
45 и вршеа служба на својот Бог и работите околу очистувањето и беа певци и вратари, според наредбата на Давид и синот негов Соломон.
46 Зашто уште одамна, во дните на Давид и Асаф, беа установени главни певци, како и песни за Бога, пофални и благодарствени.
47 Сите Израелци во дните на Зоро­вавел и во дните на Неемија им даваа делови на певците и на вратарите како храна за секој ден, и им ги даваа осветените приноси на левитите, а ле­витите им даваа на Ароновите синови.