Nehemiah 112006

1И се населија старешините народни во Ерусалим, а други­те од народот фрлија ждрепка, за да излезе еден од десетмина да се насели во светиот град Ерусалим, а преостанатите девет — во другите градови.

2И народот ги благослови сите, кои доброволно се согласија да живеат во Ерусалим.

3Еве ги старешините на земјата што се населија во Ерусалим, а во градовите на Јудеја сите живееја на својот имот, по градовите свои: дру­гите Израелци, свештениците, левитите и слугите на храмот, и потомците на Соломоновите слуги.

4Во Ерусалим се населија и некои од потомците на Јуда и од потомците на Венијамин; од Јудините потомци: Ата­ја, син на Озија, син Захариев, син Ама­риев, син Сафатиев, син Маха­лаеилов, од потомците на Фарес,

5и Маасеја, син на Варух, син на Кол-Хозе, син на Хазаја, син на Адаја, син на Јојарив, син Захариев, потомци на Силомниј.

6Сите потомци на Фарес, што живееја во Ерусалим, беа четиристотини шеесет и осум, храбри луѓе.

7А, еве, ги потомците Венија­минови: Салу, син Мешуламов, син Јоедов, син Педаев, син Колаев, син Маасеев, син Итиелов, син Исаев,

8и по него Габај и Салај — деветстотини дваесет и осум.

9Јоил, синот Зихриев, беше начал­ник над нив, а Јуда, синот на Хасенуа, беше втор над градот.

10Од свештениците: Једаја, син на Јојарив, Јахин,

11Сераја, син Хелкиев, син Мешу­ламов, син Садоков, син Мерајотов, син на Ахитув, началник на Божјиот дом,

12и нивните браќа, кои вршеа служба во Божјиот дом, — осумстотини дваесет и двајца; и Адаја, син Јерохамов, син Пелалиев, син Амаси­ев, син Захариев, син Пашхуров, син Мелхиев,

13и браќата негови, старешини на родовите — двесте четириесет и двајца; и Амашсај, син Азариилов, син Ах­заев, син Мешилемотов, син Имеров,

14и браќата негови, мажи воинствени — сто дваесет и осум. Началник им беше Завдиел, син Хагедолимов.

15А од левитите: Шамаја, син на Ха­шув, син Азрикамов, син на Хашавија, син Буниев,

16и Шабетај, и Јозавад од левитските началници за надворешни ра­боти на Божјиот дом,

17и Матанија, син на Миха, син Завдиев, син Асафов, водител при славословието, за време на молитвата, и Бакбукија, втор по него од браќата не­гови, и Авда, син на Шамуа, син Галалов, син Једутунов.

18Сите левити од светиот град беа двесте осумдесет и четири.

19А вратари: Акув, Талмон и браќата нивни, стражари при портите — сто седумдесет и двајца.

20Другите Израелци, свештениците и левитите, живееја по сите градови на Јудеја, секој во својот дел.

21А храмовите прислужници жи­вееја во Офел: нивни началници беа Циха и Гишпа.

22Началник на левитите во Ерусалим беше Озиј, син на Ваниј, син Хашавиев, син Матаниев, син Михаев од потомците Асафови, кои беа певци при службата во Божјиот дом;

23зашто од царот имаше за нив посебна заповед, и имаше правило определено за певците за секој ден.

24И Петахија, син Мешезавелов од потомците Зерахови, Јудин син, беше застапник на царот за сите работи што се однесуваа на народот.

25Од оние, пак, што беа по селата, на нивите свои, некои од Јудините синови живееја во Кирјат-Арба и во неговата околина, во Дивон и во околината негова, во Јекавцеел и во селата негови,

26во Јешуа, во Молада и во Бет-Пе­лет,

27во Хацар-Шуал, во Вирсавија и во нивните околини,

28Во Циклаг, во Мехона и во нивни­те околини,

29во Ен-Римон, во Цора и во Јармут,

30во Заноах, Адулам и селата нивни, во Лакиш и полињата негови, во Азека и неговата околина; тие се беа сместиле од Вирсавија дури до Хиномовата Долина.

31Синовите Венијаминови живееја во Гева, во Михмаш до Ветил и во сите села негови,

32во Анатот, Нов, Ананија,

33Асор, Рама, Гитаим,

34Хадид, Цевоим, Невалат,

35Лод, Оно и во долината Харашим.

36Во деловите на Јуда и на Венијамин свои населби имаа и левитите.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Nehemiah 11.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.