Nehemiah 102006

1Поради сето тоа даваме цврст завет за верност и потпишува­ме, и на потписот е печатот на кнезовите наши, левитите наши и свеш­тениците наши.

2На запечатениот документ беа имињата на: Неемија, управителот, син на Хахалија, и Седекија,

3Сераја, Азарија, Еремија,

4Пашхур, Амарија, Малкија,

5Хатуш, Шеванија, Малух,

6Харим, Мерамот, Авдија,

7Даниел, Гинетон, Варух,

8Мешулам, Авија, Мијамин,

9Маазија, Билгај, Шемаја: тоа се имињата на свештениците.

10А ова се имињата на левитите: Јешуа, син на Азанија, Бинуј, од сино­вите на Хенадад и Кадмиел;

11и браќата нивни: Шеванија, Ходи­ја, Келита, Пелаја, Ханан,

12Миха, Рехов, Хашавија,

13Закур, Шеревија, Шеванија,

14Ходија, Ваниј, Бенину.

15Народните старешини: Парош, Пахат-Моав, Елам, Зату, Ваниј,

16Буниј, Азгад, Бевај,

17Адонија, Бигвај, Адин,

18Атер, Езекија, Азур,

19Ходија, Хашум, Бецај,

20Хариф, Анатот, Невај,

21Магпијаш, Мешулам, Хезир,

22Мешезавел, Садок, Јадуа,

23Пелатија, Ханан, Анаја,

24Осија, Ананија, Хашув,

25Халохеш, Пилха, Шовек,

26Рехум, Хашавна, Маасеја,

27Ахија, Ханан, Анан,

28Малух, Харим, Баана.

29И другиот народ, свештеници, левити, вратари, пејачи, слуги на хра­мот и сите што беа минале од туѓите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, ќерките нив­ни, сите што можеа да разберат,

30се присоединија кон браќата свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со заклетва и проклетство дека ќе поста­пуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мој­сеј, и дека ќе ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господ, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови.

31И да не ги даваат ќерките свои на туѓи народи, и нивните ќерки да не ги земаат за синовите свои;

32и кога туѓите народи ќе донесат стока за продавање во сабота, да не купуваат од нив во сабота или во друг свет ден, и на седмата година да не се работи земјата и да се проштеваат се­какви долгови.

33И си поставивме за закон да дава­ме од себе по една третина од шекел го­дишно за потребите на домот на на­шиот Бог:

34за лебовите на предложението, за редовниот лебен принос и за секојдневната сепаленица, за саботите, за ново­месечијата, за празниците, за свеште­ните предмети и за жртвите за грев за очистување на Израел, и за сѐ што се врши во домот на нашиот Бог.

35И фрливме ждрепка ние, свеште­ниците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во определено време, секоја година, да ги дотерува во домот на нашиот Бог за да горат врз жртвеникот на Господ, како што е запишано во законот.

36Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво;

37исто така — да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, прво­родените од крупниот и од ситниот добиток свој.

38И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и масло ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите кај домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја — на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десеток во сите градови, каде што имаме земјо­делство.

39Со левитите, кога собираат левит­ски десеток, ќе има свештеник, по­томок Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите определени за клетови.

40Зашто во тие простории како Изра­еловите синови, така и левитите се должни да носат сѐ што се принесува како дар: жито, вино и масло. Таму се и свештените садови, и свештениците што служат, и врата­рите и пејачите. И ние нема да го оставиме домот на на­шиот Бог.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Nehemiah 10.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.