Nahum 32006

1Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него.

2Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскокнување на бојни коли.

3Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На трупо­вите им нема крај; и се сопнуваат од нив.

4Сето тоа е за многуте блудствувања на убавата на изглед развратница, веш­та во магии, која со блудот свој заведува народи, а со магиите — племиња.

5Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ќе ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ќе им ја покажам на народите твојата голотија, и на царствата — срамотиите твои.

6Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те направам презрена, и ќе те направам за срам.

7И секој, штом ќе те види, ќе побегне од тебе и ќе рече: „Разурната е Нине­вија! Кој ќе ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?“

8Зар си подобра од Но-Амон, кој ле­жи меѓу речните ракави на Нил; чиј окоп е морето, и тоа му служеше како ѕид.

9Етиопија и Египет со безбројно мно­жество луѓе ти служеа како поткрепа; а и народите на Пут и Либија ти идеа на помош.

10Па сепак и таа отиде во ропство; дури и децата ѝ се здробени — по сите градски крстосници; а за првенците неј­зини фрлија ждрепка, и сите големци се во вериги оковани.

11И ти така ќе се опиеш и ќе се кри­еш; и ќе бараш засолниште од непријателите свои.

12Сите твои градови се како смокви со зрели плодови: ако ги затресеш, ќе паднат право во устата на оној што сака да ги јаде.

13Погледни си го народот: во твојот дом се само жени, на непријателите твои ширум им се отвораат портите на земјата, и оган ги проголта твоите резиња.

14Зафати си вода за опсадата; за­цврсти ги тврдините; влези во кал, гази глина, направи калапи за печење тули.

15Таму оган ќе те проголта, меч ќе те исече, ќе те изеде како гасеница, макар и да сте се намножиле како гасеници, па и да сте се намножиле како скакулци.

16Трговците во тебе се повеќе од ѕвездите на небото; но тие како скакулците ќе се распрскаат и ќе одлетаат.

17И кнезовите твои се како скакулци, а војводите — како рој мушички, кои во студено време се гнездат во пукнатини, а кога ќе изгрее сонцето се разлетуваат, и нема да го распознаеш местото каде што биле.

18Спијат твоите пастири, царе асир­ски, почиваат твоите големци; твојот народ се распрснал по горите, и нема кој да го прибере.

19Нема лек за твојата рана, лута е раната твоја. Сите, што ќе чујат за тебе, ќе ракоплескаат, зашто кој можеше да се спаси од твојата сурова свирепост?

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Nahum 3.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.