Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Nahum 2

:
Macedonian - 2006
1 Ете, по горите се стапките на благовесникот, кој најавува мир: праз­нувај ги, Јудејо, твоите празници, извр­шувај ги заветите свои, зашто преку тебе нема веќе да минува нечестивиот; тој е наполно уништен.
2 Се крева против тебе уништувач: па­зи ги тврдините, чувај го патот, зацврс­ти ги бедрата, собирај сили.
3 Зашто Господ ќе го обнови вели­чието на Јаков, како величието на Из­раел, зашто пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа.
4 Штитовите на неговите јунаци се црвенеат: војниците негови носат пурпурни облеки; колите бојни ќе фрлаат оган во денот кога ќе ги построи; напа­ѓачите ќе се исправат.
5 Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе изгледаат како запалени факли, и ќе светкаат како молњи.
6 Тој ги повикува јунаците свои, се фрлаат во рововите, брзаат кон ѕидините на градот, опсадата е веќе подготвена.
7 Градските порти кај реките се отвораат, палатата трепери.
8 Решено е: Господарката ќе биде во плен одведена, а слугинките нејзини ќе тагуваат како гулаби, удирајќи се в гради.
9 Ниневија, откако беше основана, беше како преполнето езеро, а тие бе­гаат пред нејзините води. „Стојте, стој­те!“ Но никој не се свртува да погледа.
10 Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи.
11 Ограбена, опустошена и разурната е таа срцата се топат, колената трепе­рат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се пребледени.
12 Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги пла­шеше?
13 Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејќи ги со плен пеште­рите свои и леглата свои со грабеж?
14 Ете, Јас сум против тебе, вели Гос­под Саваот, и ќе ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ќе ги исече лавчињата твои, и ќе го истребам од земјата грабежот твој; повеќе нема да се чуе гласот на твоите пратеници.