Matthew 62006

1„Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец небесен.

2И така, кога даваш милостина не разгласувај, како што прават лицеме­рите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда.

3А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната,

4за да биде твојата милостина тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“

5„И кога се молиш, не биди како ли­цемерите, кои сакаат да стојат по синагогите и крстопатите за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам, тие веќе си ја добиле својата на­града.

6Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затво­риш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Тој, Кој гледа тајно, ќе те награди (јавно).

7Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени;

8вие, пак, немојте да бидете како нив, зашто вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да Го по­молите.

9Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;

10да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;

11лебот наш насушен дај ни го денес;

12и прости ни ги долговите наши, ка­ко што и ние им ги проштеваме на на­шите должници;

13и не воведувај нѐ во искушение, но из­бави нѐ од лукавиот, (зашто Твое е цар­ството, и силата, и славата во сите ве­ко­ви. Амин!).

14Бидејќи, ако им ги простите на лу­ѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен.

15Ако, пак, не им ги простите гре­во­вите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.“

16„Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата нажалени за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви ве­лам дека тие веќе ја добиле својата на­г­рада.

17А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое,

18па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“

19„Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и ка­де што крадците ги поткопуваат и крадат;

20но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ни­ту крадат.

21Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“

22„Светило за телото е окото. И та­ка, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло;

23ако, пак, твоето око биде лошо, це­лото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“

24„Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.

25Затоа ви велам: немојте да се гри­жите за вашата душа — што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото — од облеката?

26Погледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?

27А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт?

28Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат;

29но ви велам дека ни Соломон, во це­лата своја слава не се облече така, како еден од нив.

30Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе ќе сто­ри за вас, маловерни!?

31Па затоа, не грижете се и не гово­рете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘

32Зашто сето тоа го бараат незна­бош­ците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба.

33Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде.

34И затоа, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволна е негова­та неволја.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Matthew 6.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.