Matthew 252006

1„Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот.

2Петте од нив беа мудри, а петте не­ра­зумни.

3Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло;

4а мудрите, заедно со светилките, зе­доа во садовите свои и масло;

5и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.

6А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пре­че­ка­те!‘

7Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки.

8Неразумните, пак, им рекоа на муд­рите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘

9Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: по­добро одете кај продавачите и купете си!‘

10А кога тие отидоа да купат, прис­тигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.

11Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘

12А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘

13И така, бидете будни, зашто не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“

14„Зашто, Тој ќе постапи како чо­ве­кот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;

15и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина.

16Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;

17и исто така и оној што зеде два та­ланта, спечали други два;

18а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри па­ри­те на својот господар.

19По долго време дојде господарот на тие слуги и побара да му поднесат сметка.

20И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил уште пет.‘

21Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘

22Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, ете, со нив спечалив уште два.‘

23Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘

24Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си ве­ел,

25па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘

26А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел,

27требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка;

28земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти;

29зашто секому, што има, ќе му се да­де и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има;

30а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“ (Откако го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе.“)

31„А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,

32и ќе се соберат пред Него сите народи, па ќе ги оддели едни од други, како што ги одделува овците од козите;

33и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.

34Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ‚Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од по­четокот на светот;

35зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, стра­нец бев и Ме примивте;

36необлечен бев и Ме облековте; бо­лен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘

37Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?

38Кога те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме?

39Кога Те видовме болен, или во зат­вор и Те посетивме?‘

40А Царот ќе им одговори и ќе рече: ‚Вистина, ви велам: доколку сте го на­правиле тоа за еден од овие Мои најма­ли браќа, за Мене сте го направиле.‘

41Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‚Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!

42Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте;

43странец бев и не Ме прибравте; не­облечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘

44Тогаш и тие ќе Му одговорат и ре­чат: ‚Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор — не Ти пос­лу­живме?‘

45Тогаш ќе им одговори и рече: ‚До­колку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали браќа ни за Мене не сте го направиле.‘

46И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците — во живот вечен.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Matthew 25.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.