Matthew 22006

1А кога се роди Исус во Витлеем Јудеј­ски, во времето кога царуваше Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од исток и рекоа:

2„Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на исток, па дојдовме да Му се поклониме.“

3Штом го чу тоа, царот Ирод се воз­немири и цел Ерусалим со него.

4И кога ги собра сите првосвештеници и книжници од народот, ги праша: „Каде треба да се роди Христос?“

5А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:

6‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ — Израел.‘“

7Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и го дозна од нив за времето кога се појавила ѕвездата,

8па, испраќајќи ги во Витлеем, им ре­че: „Одете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да одам и јас да Му се поклонам.“

9Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото каде што беше Младенецот.

10А кога ја видоа ѕвездата, тие се за­радуваа со многу голема радост.

11И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отво­рија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна.

12И откако примија предупредување на сон, не се вратија веќе кај Ирод, туку си заминаа по друг пат за својата земја.

13А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, ве­лејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го по­губи.“

14И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет.

15И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Свој.“

16Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите машки но­во­роденчиња во Витлеем и по целата не­гова околина од двегодишна возраст и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.

17Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој говори:

18„Глас се слуша во Рама, плач и ри­дање, и пискот голем: Рахила ги оп­ла­кува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема.“

19А по смртта на Ирод, ангел Гос­по­дов му се јави на сон на Јосиф во Еги­пет

20и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и врати се во земјата израелска, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“

21Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израелска.

22Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото татка си Ирод, се уп­ла­ши да оди таму; и откако доби по­рака на сон, тој замина во галилејските пре­де­ли.

23А кога пристигна, се насели во гра­дот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека Тој ќе се нарече Назареец.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Matthew 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.