Matthew 162006

1Тогаш пристапија кон Исус фарисеите и садукеите и, иску­шу­вајќи Го, побараа да им покаже чудо од небото.

2Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ‚ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘;

3а наутро: ‚денес ќе има невреме, за­што небото е матно.‘ Лицемери, изгледот на небото можете да го распознава­те, а знаците на времињата не можете?

4Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па оставајќи ги, си замина.

5И преоѓајќи на спротивната страна, учениците Негови заборавија да земат леб.

6Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот фарисејски и садукејски!“

7А тие помислија во себе и си рекоа: „Тоа е што не зедовме леб!“

8Но Исус ги разбра и им рече: „Ма­ло­верни, зошто мислите во себе дека не сте зеле леб?

9Уште ли не разбирате и не помните за петте леба на пет илјади души, и кол­ку кошеви собравте?

10Ниту за седумте леба на четири ил­јади души, и колку кошници собравте?

11Како не разбирате дека не ви зборував за леб: ‚Чувајте се од квасот фа­ри­сејски и садукејски!‘“

12Тогаш разбраа дека Тој им беше ре­кол да се пазат не од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско.

13И кога дојде Исус во областа на Ке­сарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „Што велат луѓето, кој е Синот Човечки?“

14Тие одговорија: „Едни дека е Јован Крстител, други дека е Илија, а некои дека е Еремија или дека е еден од пророците.“

15А Тој им рече: „А вие, што мисли­те, Кој сум Јас?“

16Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“

17Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата.

18А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.

19И ќе ти ги дадам клучевите од не­бесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.“

20Тогаш Исус им заповеда на уче­ниците Свои да не кажуваат никому дека Тој е Христос.

21Оттогаш почна Исус на Своите уче­ници да им открива дека Тој треба да отиде во Ерусалим и да пострада многу од старешините, првосвештениците и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне.

22А Петар Го повлече настрана, поч­на да Му говори, зборувајќи: „Биди ми­лостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!“

23Но Тој се заврте и му рече на Пе­тар: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто мислиш не за она што е Божјо, туку за она што е човечко!“

24Тогаш Исус им рече на учениците Свои: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи;

25зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде:

26зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?

27Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој спо­ред делата негови.

28Вистина ви велам: тука стојат некои што нема да вкусат смрт додека не Го видат Синот Човечки како доаѓа во царството Свое.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Matthew 16.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.