Matthew 152006

1Тогаш пристапија кон Исус ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи:

2„Зошто учениците Твои не го за­па­зуваат преданието на старите? Зошто не си ги мијат рацете кога јадат леб?“

3А Тој им одговори и рече: „Па зо­што и вие ја престапувате Божјата за­повед заради вашето предание?

4Зашто Бог заповедал и рекол: ‚По­читувај ги татко си и мајка си‘, и ‚кој го­вори лошо против таткото свој или мај­ка си, со смрт да се казни‘.

5А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, е ветено за Господ‘,

6тогаш тој може да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради ва­шето предание!

7Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи:

8‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме по­чи­ту­ва, а срцето негово стои далеку од Ме­не;

9но напразно Ме почитува, зашто про­поведа човечки повелби.‘“

10И како ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете!

11Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува чо­ве­кот.“

12Тогаш Неговите ученици Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“

13А Тој, одговарајќи им, рече: „Се­ко­ја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне;

14оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, оба­та ќе паднат во јама.“

15Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“

16А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате?

17Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку сто­ма­кот и се исфрлува надвор?

18А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа го осквернува човекот;

19зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули;

20тоа го осквернува човекот. А ја­де­њето со неизмиени раце не го осквернува човекот.“

21И кога излезе оттаму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска.

22И ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, ве­лејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“

23Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Не­гови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“

24А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на до­мот израелски.“

25Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“

26Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“

27Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“

28Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти би­де по желбата твоја!“ И во тој час оз­драве ќерката нејзина.

29Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму.

30И дојде кај Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, фа­те­ни и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги исцели,

31така што народот се восхитуваше гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израелов.

32А Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по па­тот.“

33Но учениците Негови Му рекоа: „Каде ќе земеме толку леб во пустинава за да нахраниме толку народ?“

34Исус ги праша: „Колку лебови има­те?“ А тие одговорија: „Седум и не­кол­ку риби.“

35Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата.

36И земајќи ги седумте лебови и ри­би­те, благодари, ги прекрши и им ги да­де на учениците Свои, а учениците — на народот.

37И јадеа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња: седум полни кош­ни­ци.

38А оние што јадеа беа четири илјади мажи, покрај жените и децата.

39Па, штом го распушти народот, влезе во кораб и пристигна во Маг­дал­ските предели.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Matthew 15.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.