Matthew 142006

1Во тоа време гласот за Исус дојде и до Ирод четворовласни­кот,

2кој им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат чуда преку него!“

3Зашто Ирод, кога го фати Јован, го врза и го фрли во затвор заради Иро­ди­јада, жената на брат му Филип;

4бидејќи Јован му велеше: „Не до­ли­кува да биде твоја!“

5И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк.

6А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод;

7затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара.

8И таа, подучена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јо­ван Крстител!“

9И се загрижи царот; но, заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат.

10Па прати, та ја отсекоа главата на Јован во затворот.

11И ја донесоа главата негова на чи­нија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си.

12Учениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и му јавија на Исус.

13Штом го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб во пусто место, Сам; а на­ро­дот, штом дозна за тоа, тргна по Него пеш од градовите.

14И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни.

15А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Мес­тово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“

16Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“

17А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет леба и две риби.“

18Тој им рече: „Донесете Ми ги ту­ка!“

19И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците — на народот.

20И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.

21А оние што јадеа беа околу пет ил­ја­ди мажи, покрај жените и децата.

22И веднаш ги повика Исус уче­ни­ци­те Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот.

23Па штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.

24А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот ду­ваше спротивно.

25Но на четвртата стража преку ноќта, дојде Исус кај нив, одејќи по мо­рето.

26А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа.

27Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“

28А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“

29И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди кај Исус;

30но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и извика: „Гос­поди, спаси ме!“

31Исус веднаш му подаде рака, го фа­ти и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“

32И кога влегоа во коработ, ветрот престана.

33А оние што беа во коработ Му пристапија, Му се поклонија и рекоа: „Навистина, Ти си Синот Божји!“

34Па откако преминаа, дојдоа во земјата генисаретска.

35Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и ги донесоа кај Него сите болни.

36И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, се излекуваа.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Matthew 14.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.