Matthew 102006

1И кога ги повика Своите два­наесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква не­моќ.

2А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар и Андреј братот негов; Јаков Заведеев и Јован, братот негов;

3Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј, цариник, Јаков Алфеев и Ле­виј, наречен Тадеј;

4Симон Хананеец и Јуда Искариот, кој и Го предаде.

5Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте;

6а одете најнапред кај загубените овци на Израеловиот дом.

7И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно;

8болни лекувајте, лепрозни очисту­вај­те, мртви воскреснувајте, демони из­гонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!

9Не носете во појасите ваши ни зла­то, ни сребро, ниту бакар,

10ни торба за пат, ни двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работни­кот ја заслужува својата награда!

11А штом влезете во некој град или село, распрашајте кој е во него достоен, и таму останете додека не си одите.

12И кога ќе влезете во некоја куќа, поз­дравете ја говорејќи: ‚Нека има мир во таа куќа!‘

13И ако куќата биде достојна, вашиот мир ќе дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаш вашиот мир ќе се врати кај вас!

14Ако, пак, негде не ве примат и не ги послушаат зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши!

15Вистина ви велам: полесно ќе ѝ би­де на земјата содомска и гоморска во судниот ден отколку на тој град!“

16„Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и не­злобни како гулаби.

17Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предаваат на судовите и по синагоги­те нивни ќе ве тепаат.

18И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците.

19Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете.

20Бидејќи не сте вие што ќе говорите, туку Духот на вашиот Отец ќе говори во вас.

21И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко — чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат;

22и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен.

23Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите израелските градови додека дојде Синот Човечки.

24Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга — поголем од својот господар.

25Доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата да биде како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни!?“

26„И така, не плашете се од нив; заш­то нема ништо сокриено што не ќе се открие, или тајно, што нема да се дознае.

27Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите!

28И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку плашете се повеќе од Оној Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот!

29Не се продаваат ли две врапчиња за еден денар? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец.

30А вам и влакната на главата ви се изброени.

31Но не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.“

32„И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред мојот Отец небесен.

33А кој ќе се одрече од Мене пред лу­ѓето, и јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен.“

34„Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да до­несам мир, туку меч.

35Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.

36И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.

37Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;

38и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.

39Кој си го чува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, повторно ќе си го најде.“

40„Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил.

41Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда.

42И кој ќе напои еден од овие најбезначајните само со чаша студена вода во име на ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Matthew 10.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.