1Зашто, ете, доаѓа ден, вжарен како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња.
2А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцелување ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе потскокнувате како теленца од штала;
3и ќе ги газите нечестивите, како прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, кога Јас ќе дејствувам, вели Господ Саваот.
4Помнете го законот на Мојсеј, слугата Мој, кому му заповедав на Хорев за сиот Израил, како и правилата и наредбите.
5Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов — голем и страшен.
6И тој ќе ги обрати срцата на татковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и ја удрам земјата со проклетство!