Luke 202006

1Еден ден, додека Тој го по­учу­ваше народот во храмот и го про­по­ведаше Евангелието, пристапија првосвештениците и книжниците со старешините

2и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“

3А Тој им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас еден збор, и кажете ми:

4Дали крштавањето Јованово беше од небото, или од луѓето?“

5А тие почнаа да размислуваат и да си зборуваат меѓу себе: „Ако кажеме — од небото, ќе рече — Зошто не му по­ве­рувавте?

6Ако, пак, речеме — од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ затрупа со камења, би­дејќи е уверен дека Јован беше пророк.“

7Затоа одговорија: „Не знаеме од ка­де е.“

8Исус им рече: „Ни Јас нема да ви ка­жам со каква власт го вршам тоа.“

9И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си зами­на на подолго време.

10А подоцна испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен.

11И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го ис­пратија празен.

12Испрати и трет, а тие и него го ра­нија и го избркаа.

13Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам свој­от сакан син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘

14Но лозарите, штом го видоа, си раз­мислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е на­следникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘

15И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?

16Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“

17Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каме­нот што го отфрлија ѕидарите, стана ка­мен темелник‘.

18Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“

19И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа пара­бола.

20И дебнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на поглаварите и на власта управникова.

21И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш кој е кој, туку вистински поу­чуваш за патот Божји.

22Позволено ли е да му даваме да­нок на царот или не?“

23А Тој го разбра нивното лукавство и им рече:

24„Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одгово­рија: „На царот.“

25Па им рече: „Дајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“

26И не можеа да фатат нешто во Не­говите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и за­молк­наа.

27Тогаш пристапија некои од са­ду­ке­ите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи:

28„Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена и да го подигне потомството на својот брат.

29Си беа седум браќа. Првиот, откако се ожени, умре без деца.

30Жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца.

31Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца.

32По сите нив, умре и жената.

33При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммината живеела?“

34Им одговори Исус и рече: „Си­новите од овој свет се женат и мажат;

35но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат;

36всушност, тие веќе не можат да ум­рат, затоа што се еднакви со ангелите, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.

37А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го посведочи и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ — Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.

38А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи.“

39На тоа, некои од книжниците, ре­коа: „Учителе, добро рече!“

40И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат.

41А Тој им рече: „Како, пак, велат де­ка Христос е син Давидов?

42Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,

43додека не ги положам неприја­те­ли­те Твои во подножјето на нозете Твои!‘

44Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“

45И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на учениците Свои:

46„Чувајте се од книжниците што ми­луваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први на гозбите;

47што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Luke 20.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.