Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 19

:
Macedonian - 2006
1 Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него.
2 И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на цариниците, и беше богат,
3 настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст.
4 Затоа потрча напред и се качи на ед­на смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да помине.
5 Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес тре­ба да бидам во твојот дом.“
6 И тој веднаш слезе и Го прими со радост.
7 И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќа на грешен чо­век.“
8 А Закхеј застана и Му рече на Гос­под: „Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто, четворно ќе го вратам.“
9 А Исус му рече: „Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син Ав­раамов.
10 Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е за­гу­бе­но.“
11 А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека набргу ќе се појави царството Божјо,
12 па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати.
13 Тогаш ги повика своите десет слу­ги, им даде десет мини и им рече: ‚Тргу­вајте со нив, додека да се вратам!‘
14 Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: ‚Нејќеме тој да царува над нас.‘
15 А кога се врати, по примањето на царската власт, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им ги беше дал па­ри­те, за да види, кој колку спечалил.
16 Дојде првиот и му рече: ‚Господаре, твојата мина заработи десет мини.‘
17 И му рече: ‚Добро, верен слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘
18 Дојде вториот и рече: ‚Господаре, твојата мина заработи пет мини.‘
19 А тој и нему му рече: ‚И ти биди над пет градови.‘
20 И друг дојде, велејќи: ‚Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував в кр­па,
21 зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш, каде што не си сеел.‘
22 А господарот му рече: ‚Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум жесток човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам, каде што не сум сеел;
23 тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците, та кога ќе се вратам, да си го соберам сосе добивка?‘
24 Па им рече на присутните: ‚Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!‘
25 И му рекоа: ‚Господаре, тој има де­сет мини!‘
26 Ви велам дека секому што има ќе му се придаде; а од оној што не­ма, ќе му се одземе и она што го има.
27 А оние мои непријатели, што не са­каат да царувам над нив, доведете ги ту­ка и погубете ги пред мене!“
28 Кога го рече тоа, Тој тргна понатаму, искачувајќи се кон Ерусалим.
29 И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до таканаречената Масли­но­ва Гора, испрати два ученика,
30 велејќи: „Одете во селоно отспротива. Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано магаре, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го!
31 И ако ве праша некој: ‚Зошто го од­врзувате?‘ Кажете му вака: ‚Тоа Му е потребно на Господ.‘“
32 Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол.
33 И кога го одврзуваа магарето, сто­паните им рекоа: „Зошто го одврзувате магарето?“
34 Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ.“
35 И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија облеките свои на магарето, Му помогнаа на Исус да се качи.
36 И додека минуваше Тој, ги постилаа своите наметки по патот.
37 А кога наближи до местото од каде што се слегува од Маслиновата Гора, сето мноштво ученици почна радосно да Го прославува Бога со висок глас, за сите чуда што ги видоа,
38 велејќи: „Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на не­бо­то и слава во висините!“
39 А некои фарисеи од народот Му ре­коа: „Учителе, забрани им на учениците Твои!“
40 Но Тој им одговори и рече: „Ви ве­лам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“
41 А кога се приближи и го виде гра­дот, заплака над него
42 и рече: „Кога би можел во овој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа е сега сокриено од твоите очи.
43 Зашто ќе дојдат денови за тебе и не­пријателите твои ќе те опкружат со ро­вови и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите страни;
44 и ќе те срамнат со земјата тебе и ќе ги избијат децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше посе­тен.“
45 И кога влезе во храмот, почна да ги гони оние што продаваа и купуваа во него,
46 велејќи: „Напишано е: ‚Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.‘“
47 И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците и книжниците, и старешините народни, настојуваа да го погубат,
48 но не пронајдоа како да Му го на­прават тоа, зашто сиот народ Го слу­ша­ше со големо внимание.