Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 15

:
Macedonian - 2006
1 Се приближуваа кон Него сите цариници и грешници за да Го слушаат.
2 А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“
3 Но Исус им ја кажа оваа парабола и рече:
4 „Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги ос­тави останатите деведесет и девет во пустината и нема да оди да ја бара за­гу­бената, сѐ додека не ја најде?
5 А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;
6 и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата загубена овца!‘
7 Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од каење.
8 Или која жена, ако има десет драхми, и ако загуби една, нема да запали светило и да ја измете куќата, и да бара внимателно, сѐ додека не ја најде?
9 А штом ќе ја најде, ќе повика прија­тели и сосетки, велејќи: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘
10 Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае.“
11 И рече: „Еден човек имаше два си­на.
12 Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми при­паѓа од имотот!‘ И таткото им го раз­де­ли имотот.
13 По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно.
14 И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во мака;
15 па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи.
16 И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
17 А кога дојде на себеси, рече: ‚Кол­ку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад.
18 Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе,
19 и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од сво­ите наемници.“‘
20 Па стана и отиде кај татка си. И ко­га беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива.
21 И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘
22 А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете;
23 па доведете едно згоено теле и за­ко­лете го; да јадеме и да се веселиме,
24 зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И поч­наа да се веселат.
25 А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до ку­ќата, слушна песни и извици.
26 И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘
27 А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘
28 Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше.
29 А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и ни­когаш не ја прекршив твојата за­по­вед; и мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели;
30 а кога дојде овој твој син, што го упро­пасти својот имот со блудници, за него ти закла згоено теле.‘
31 А тој му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое;
32 но требаше да се зарадуваме и раз­веселиме, зашто овој твој брат беше мр­тов и оживе, изгубен беше и се најде.‘“