Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 16

:
Macedonian - 2006
1 А на учениците Свои им рече: „Си беше еден богат човек кој имаше настојник; и тој беше на­кле­ве­тен пред него дека го растура неговиот имот.
2 И тој го повика, и му рече: ‚Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.‘
3 А настојникот си рече во себе: ‚Што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам, да просам се срамам.
4 Знам што да направам, за да ме примат луѓето во своите домови, откако ќе бидам отпуштен од раководењето на ку­ќата.‘
5 И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: ‚Колку му должиш на мојот господар?‘
6 Тој одговори: ‚Сто мери масло.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши педесет!‘
7 Потоа му рече на другиот: ‚А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ‚Сто ме­ри пченица.‘ И му рече: ‚Земи си ја пот­врдата и напиши осумдесет!‘
8 И го пофали господарот неспра­вед­ливиот настојник, зашто постапил до­сетливо; зашто синовите на овој свет кон својот род се подосетливи од сино­вите на светлината.
9 И јас ви велам: создадете си прија­те­ли преку неправедно богатство, па, кога тоа ќе исчезне, да ве примат во вечните живеалишта.
10 Верниот во малку и во многу е ве­рен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив.
11 Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското?
12 И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето?
13 Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бо­га и на Мамон.“
14 Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа.
15 И им рече: „Вие се правите праведни, пред луѓето но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, пред Бога е одвратност.
16 Законот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се проповеда Евангелието за царството Божјо и секој со усилие се обидува да влезе во него.
17 Но полесно е небото и земјата да поминат, отколку една точка од За­ко­нот да падне.
18 Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, извршува прељуба, и секој што се жени со онаа што ја ос­та­вил мажот, прави прељуба.“
19 „Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила, и се­кој ден живееше раскошно и се веселе­ше.
20 А еден сиромав, по име Ла­зар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти,
21 кој сакаше да се нахрани со трош­ките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа ра­ните негови.
22 Умре сиромавиот и ангелите го од­несоа во пазувите Авраамови; умре и богатиот и го погребаа.
23 И во пеколот, додека беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраам и Лазар во не­говите пазуви.
24 Тогаш тој извика и рече: ‚Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Ла­зар да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен!‘
25 Но Авраам рече: ‚Синко, сети се де­ка ти си го добил своето добро уште до­дека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш.
26 Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму кај нас.‘
27 А тој пак рече: ‚Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа,
28 зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘
29 Авраам му рече: ‚Тие ги имаат Мој­сеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘
30 А тој рече: ‚Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘
31 Авраам му рече: ‚Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.‘“