Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 13

:
Macedonian - 2006
1 Во истото време беа присутни и некои, кои Го известија за настанот со Галилејците, чија крв Пи­лат ја смешал со нивните жртви.
2 Исус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци биле најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа?
3 Не, ви велам: но, ако не се покаете, сите така ќе изгинете!
4 Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни должници од си­те други што живеат во Ерусалим?
5 Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“
6 И ја кажа оваа парабола: „Некој чо­век имаше во своето лозје посадено ед­на смоква, па дојде да бара од неа плод, но не најде.
7 Тогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата.‘
8 А тој му одговори и рече: ‚Гос­по­да­ре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре;
9 па, ако роди, добро, а ако не даде плод, тогаш в година ќе ја пресечеш.‘“
10 Во една од синагогите Тој поу­чу­ва­ше во сабота.
11 И ете, дојде една жена која беше об­земена од дух што ѝ предизвикува­ше немоќ веќе осумнаесет години. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи;
12 штом ја виде Исус, ја повика и ѝ ре­че: „Жено, ослободена си од болеста своја.“
13 И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.
14 А началникот на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; то­гаш доаѓајте и лекувајте се, а не во са­бо­та!“
15 Но Господ му одговори и рече: „Ли­цемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?
16 А оваа ќерка Авраамова, што ја вр­зал сатаната еве веќе осумнаесет години, зарем не требаше да се ослободи од тие ланци во сабота?“
17 И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот на­род се радуваше за сите славни дела из­вршени од Него.
18 А Тој рече: „На што прилега цар­ството Божјо и со што да го споредам?
19 Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува го­лемо дрво; па и птиците небески си прават гнезда на неговите гранки.“
20 И пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо?
21 Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, до­дека скисне сето.“
22 И по патот за Ерусалим минеше низ градови и села и поучуваше.
23 Некој, пак, Му рече: „Господи, мал­ку ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој рече:
24 „Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат.
25 Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, сто­еј­ќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ‚Не ве знам од каде сте!‘
26 Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘
27 А Тој ќе рече: ‚Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘
28 Таму ќе настане плач и шкрипење со заби, кога ќе го видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божјо, а себе истерани надвор.
29 И ќе дојдат од исток и запад, и се­вер и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо.
30 И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“
31 Во тој ден пристапија некои од фа­рисеите и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“
32 И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам демони и ис­целувам уште денес и утре а на трети­от ден ќе завршам;
33 но Јас треба да го проследам Своето патување уште денес, утре и задутре, бидејќи не доликува пророк да загине надвор од Ерусалим.
34 Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш оние што ти се пратеници твои. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте.
35 И ете, домот ваш ќе ви биде на­пуш­тен. И Јас ви велам дека нема да Ме ви­дите сѐ додека не дојде времето да ка­жете: ‚Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!‘“