Leviticus 52006

1„А кога некој згреши со тоа што слушнал клетва и така станал сведок, или видел или знаел, па не кажал, тој го носи својот грев.

2Или, ако некој се допре до нешто нечисто, или до труп на нечисто диво животно, или до труп на нечист доби­ток, или до умрена нечиста влечуга, без да знае за тоа, тој е нечист и виновен;

3или ако се допре до некоја нечис­тотија човечка, која било нечистотија негова, со која се осквернува, и не знаел за тоа, но потоа дознае — виновен е.

4А ако некој неразумно се заколне со устата своја дека ќе направи нешто ло­шо, или добро, а за која и да било работа, како што го прават тоа луѓето без размислување, а не е свесен за тоа, но потоа кога дознае, виновен ќе биде.

5Кога, пак, некој е виновен за некоја од овие работи и ќе го признае гревот свој,

6нека Му принесе на Господ за гре­вот, што го направил — женско од ситниот добиток: овца или коза од стадото свое за гревот; и свештеникот ќе го ослободи од гревот негов.

7Ако не може да принесе овца, тогаш нека Му принесе на Господ за гревот свој: две грлици или две гулапчиња — едно како жртва за грев, а другото како жртва сепаленица.

8Нека му ги донесе на свештеникот, а тој нека го претстави прво она што е за грев, и нека му го прекрши вратот, но главата да не ја откинува.

9И со крвта од жртвата за грев нека го попрска ѕидот на жртвеникот; а крв­та што ќе остане, нека ја исцеди во подножјето на жртвеникот, бидејќи е тоа жртва за грев.

10А од другото нека направи жртва сепаленица, како што треба; и така свеш­теникот ќе го ослободи од гревот негов, што го направил, и ќе му биде простено.

11А ако не може да принесе ни две грлици или гулапчиња поради тоа што згрешил, тогаш нека принесе една де­сетина ефа пченично брашно како жрт­ва за грев, и нека не додава кон неа мас­ло, ниту да става темјан, зашто жртвата е за грев.

12И кога ќе го донесе кај свеште­никот, свештеникот нека земе полн грст од него за спомен, и нека го изгори на жртвеникот како жртва на Господ, бидејќи е жртва за грев.

13И така ќе го ослободи свештеникот од гревот негов, со кој згрешил во нешто од ова, и ќе му биде простено; а остатокот ќе биде за свештеникот како принос од пченично брашно.“

14Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

15„Ако некој направи престап, па згреши не сакајќи во работите посве­тени на Господ, нека Му принесе дар на Господ за престапот свој овен без недостаток од стадото, по твоја проценка, со определена вредност во сребрени шекели, според свештениот шекел, како жртва за вина.

16И така, колку згрешил спрема светата работа, толку нека надомести; и на тоа нека додаде уште една петина, и нека му го даде на свештеникот; а свештеникот ќе се помоли над принесениот овен за престапот, и ќе му се прос­ти.

17Кој згреши и направи нешто што Господ забранил да се прави, и ако не знаел, сепак е виновен и го носи својот грев.

18Нека му доведе на свештеникот како жртва за вина здрав овен од стадото, според твоја проценка, а свеш­те­ни­кот нека се помоли за престапот, што го направил поради незнаење, и ќе му се прости.

19Тоа е жртва за вина: виновен е пред Господ.“

20Пак му рече Господ на Мојсеј, ве­леј­ќи:

21„Ако некој згреши и направи престап против заповедите на Господ и го откаже на ближниот свој она, што му го дал на чување, или од него укра­дено, или пак, го измами својот близок,

22или нашол нешто загубено и тоа го одрече, или лажно се заколне за која и да било работа, како што луѓето обично прават и со тоа грешат,

23па кога така згреши и направи престап, тој треба да го врати она што го украл, или сосила го присвоил, или повереното што му било дадено на чу­вање, или што го нашол како загубено.

24За секоја работа, за која се заколнал криво, нека го врати она истото, и на тоа нека му додаде уште една петина на оној чие е; тоа да му го даде во оној ден кога ќе ја принесува жртвата за вина.

25А за својата вина нека Му принесе на Господ кај свештеникот овен од стадото свое, здрав, според твоја проценка;

26и свештеникот ќе го направи чист пред Господ, и ќе му се прости секоја работа, со која згрешил или направил престап.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Leviticus 5.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.