Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Leviticus 27

:
Macedonian - 2006
1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2 „Кажи им на синовите израелски и речи им: ако некој се заветува да ја посвети душата своја на Господ со цена,
3 цената за маж од дваесет до шеесет години да биде педесет сребрени шекели, според свештениот шекел.
4 Ако е, пак, за жена, цената да биде триесет шекели.
5 За машко од пет до дваесет години цената да биде дваесет шекели, а за женско десет шекели.
6 За машко, пак, од еден месец до пет години цената треба да изнесува пет сребрени шекели, а за женско три сребрени шекели.
7 За маж од шеесет години и нагоре цената ќе биде петнаесет сребрени шекели, а за жена десет шекели.
8 Ако е сиромав и нема да плати спо­ред цената своја, тогаш тој нека се претстави пред свештеникот, и свеш­теникот нека го процени: според состој­бата на оној, што се заветувал, така нека го процени свештеникот.
9 Ако е, пак, добиче од оние што Му се принесуваат како жртва на Господ, сѐ што Му се принесува на Господ, е свето;
10 да не се заменува доброто со лошо, или лошото со добро; ако некој замени добиче со добиче тогаш и добичето и неговата замена ќе бидат светиња.
11 Ако е тоа нечист добиток, што не се принесува како жртва на Господ, тој нека му биде претставен на свеште­ни­кот,
12 и свештеникот да процени, дали е тој добар, или лош; како ќе го оцени свештеникот, така и нека биде;
13 ако некој сака да го откупи, нека додаде кон цената уште една петина.
14 Ако некој Му ја посветува на Господ куќата своја за светиња, свештеникот да ја процени, дали е таа добра, или лоша; како што ќе ја оцени свештеникот, така и да биде.
15 Ако оној што ја посветил, побара да ја откупи куќата своја, нека приложи уште една петина во сребро кон цената нејзина, и тогаш таа нека биде негова.
16 Ако некој Му посвети на Господ од имотот свој нива, процената треба да биде сразмерно со посеаното: за еден гомер посеан јачмен педесет сребрени шекели.
17 Ако некој ја посветува нивата своја од јубилејната година, тоа треба да биде според нејзината проценка.
18 Ако некој ја посветува нивата своја по јубилејната година, свештеникот нека ја определи цената во сребро спо­ред годините што остануваат до идната јубилејна година, и за толку да ја на­мали цената.
19 Ако оној, што ја посветил нивата своја, побара да ја откупи, нека додаде уште една петина во сребро кон цената нејзина, и таа нека биде негова.
20 Ако, пак, тој не ја откупи нивата своја и нивата биде продадена на друг човек, тој веќе не може да ја откупи;
21 таа нива, откако ќе биде ослободена во јубилејната година, нека Му биде посветена на Господ како боговетена земја и да биде за свештеникот.
22 Ако некој Му посвети на Господ купена нива, која не е под нивите на имотот негов,
23 свештеникот нека ја определи цената нејзина до јубилејната година, и тој да ја даде, според она како што е пре­сметано, во истиот ден, како светиња Гос­подова;
24 а нивата во јубилејната година пак нека му се врати на оној, од кого била купена и кој владеел со таа земја.
25 Секоја проценка да се врши според свештениот шекел дваесет гери да има во еден шекел.
26 А секое првородено што ќе се роди меѓу добитокот твој, никој не може да го заветува: било од крупниот, било од ситниот добиток тие се Господови.
27 Ако, пак, добитокот е нечист, да се откупува според цената негова и да се додаде кон неа уште една петина; ако не се откупи, тогаш нека се продаде спо­ред неговата проценка.
28 А сѐ што човек Му ветува на Гос­под со клетва од она што го има од човек до добиток или нива од имотот свој, да не се продава ниту да се откупува: секој завет со клетва е најсвета светиња Господова.
29 И секое човечко суштество, со хе­рем проколнато, не може да се откупи: тоа треба да се предаде на смрт.
30 И секоја десетина од земјата: од зем­ните семиња и од плодовите на дрвјата, Му припаѓаат на Господ: тоа е све­тиња Господова;
31 ако некој посака да ја откупи десетината своја, да додаде кон цената нејзина уште една петина.
32 И секој десеток од крупниот и од ситниот добиток сѐ десето што ќе помине под пастирски стап, треба да Му се посвети на Господ;
33 и да не се гледа дали е добро или лошо, ниту да се заменува; ако некој го замени, тогаш тоа самото и неговата замена да бидат светиња да не се отку­пуваат.“
34 Тоа се заповедите, што Господ им ги даде на синовите израелски преку Мој­сеј на планината Синај.