Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 1

:
Macedonian - 2006
1 И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина, во скинијата на собранието, во првиот ден од вториот месец, на втората година, откако беа излегле од египетската земја, велејќи:
2 „Пребројте ја целата заедница на синовите израелски според родовите нивни, според семејствата нивни, според бројот на имињата нивни, сите од машки пол до еден;
3 од дваесет години нагоре, сите способни за војна во Израел; според легиите нивни пребројте ги ти и Арон;
4 заедно со вас треба да има од секое колено по еден претставник, кој е старешина на родот свој.
5 И еве ги имињата на мажите, кои ќе бидат со вас: од Рувим Елицур, синот на Шедеур;
6 од Симеон Шелумиел, синот на Цу­ри­шадај;
7 од Јуда Наасон, синот Амина­давов;
8 од Исахар Натанаил, синот на Цуар;
9 од Завулон Елијав, синот Хелонов;
10 од синовите на Јосиф: од Ефрем Елишама, синот Амиудов; од Манасија Гамалиил, синот на Педацур;
11 од Венијамин Авидан, синот Гидо­ниев;
12 од Дан Ахиезер, синот на Ами­ша­дај;
13 од Асир Пагиил, синот на Охран;
14 од Гад Елјасаф, синот на Деуел;
15 од Нефталим Ахира, синот Ена­нов.
16 Тоа се избраните мажи од народот, старешините на татковските племиња, началници на израелските легиони.“
17 Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие именувани мажи
18 и го собраа сиот народ на првиот ден од вториот месец; и тие ги објавија своите родословија, според родовите свои, според семејствата свои, според бројот на имињата, од дваесет години и нагоре, сите до еден,
19 како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. И тој го изврши пребројувањето нивно во Синајската Пустина.
20 Од Рувим, првородениот Израелов син, според родовите нивни, според се­мејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, сите до еден, од машки пол, од дваесет години нагоре, способни за војна,
21 се изброија од племето Рувимово че­тириесет и шест илјади и петстотини.
22 Од потомците Симеонови според ро­довите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
23 се изброија од племето Симеоново педесет и девет илјади и триста.
24 Од потомците Гадови според ро­довите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
25 изброија од племето Гадово чети­риесет и пет илјади шестотини и пе­десет.
26 Од потомците Јудини според родо­вите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
27 изброија од коленото Јудино се­думдесет и четири илјади и шестотини.
28 Од потомците Исахарови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
29 се изброија од племето Исахарово педесет и четири илјади и четиристотини.
30 Од потомците Завулонови според родовите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
31 се изброија од племето Завулоново педесет и седум илјади и четиристотини.
32 Од потомците на Јосиф, синовите Ефремови, според родовите нивни, спо­ред семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
33 се изброија од племето Ефремово четириесет илјади и петстотини.
34 Од потомците Манасиеви според родовите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нив­ни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
35 се изброија од племето Манасиево триесет и две илјади и двесте.
36 Од потомците Венијаминови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нив­ни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
37 се изброија од племето Венија­миново триесет и пет илјади и четири­стотини.
38 Од потомците Данови според родо­вите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
39 се изброија од племето Даново, шеесет и две илјади и седумстотини.
40 Од потомците Асирови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
41 се изброија од племето Асирово четириесет и една илјада и петстотини.
42 Од потомците на Нефталим според родовите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
43 се изброија од племето Неф­тали­мово педесет и три илјади и четиристотини;
44 тоа се оние што влегоа во пребројувањето и што ги преброија Мојсеј и Арон и началниците израелски два­наесетмина луѓе, по еден човек од секое племе.
45 Сите, влезени во пребројувањето, потомци Израелови, од дваесет години и нагоре сите од Израел способни за војна,
46 изброени беа шестотини и три илјади петстотини и педесет.
47 А левитите меѓу нив не беа броени според татковите им племиња.
48 И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:
49 „Само Левиевото колено не пребројувајте го и не мешајте го со синовите на Израел;
50 но на левитите довери им ја скинијата на собранието, сите нејзини принадлежности и сѐ што е во неа: тие нека ја носат скинијата и сите нејзини при­над­лежности и да служат во неа, и околу скинијата да бидат распоредени;
51 а кога ќе треба да се пренесува ски­нијата, левитите да ја креваат, и кога ќе треба да се застане, левитите да ја симнат; ако, пак, до неа пристапи некој од друго племе, да биде убиен.
52 Синовите израелски треба да бидат распоредени секој во својот логор, секој кај своето знаме, во својата чета.
53 А левитите да се сместат околу скинијата на собранието, за да не падне гнев врз општеството на синовите израелски; левитите да стојат на стража при скинијата на собранието.“
54 И направија синовите на Израел сѐ: онака како што му заповеда Господ на Мојсеј, така направија.