Numbers 22006

1И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

2„Синовите израелски треба да лого­руваат секој кај своето знаме со озна­ките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост.

3Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наасон, синот на Аминадав.

4Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници.

5По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаро­вите потомци Натанаил, синот на Цуар,

6чија сила е изброена на педесет и четири четиристотини војници.

7Понатаму племето Завулоново, и началникот на потомците Завулонови Елијав, синот Хелонов;

8бројот на неговата војска изнесува педесет и седум илјади и четиристотини војници.

9Сите изброени во Јудиниот табор се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини војници; тие први да тргнат.

10Кон југ да бидат распоредени Руви­мовите легиони со војниците свои и началникот на потомците на Рувим Ели­цур, синот на Шедеур;

11бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест илјади и петстотини.

12До него да се настани племето Симеоново, и началникот на потомците на Симеон Шелумиел, синот на Цури­шадај;

13а неговите војници изброени беа педе­сет и девет илјади и триста.

14Потоа да се настани племето Гадо­во, и началникот на потомците Гадови Елјасаф, синот на Рагуил;

15неговата војска беше на број четириесет и пет илјади шестотини и педесет војници.

16Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот табор изнесува сто педесет и една илјада четиристотини и педесет војници; тие втори да појдат.

17Кога ќе се крене скинијата на собранието, таборот на левитите да биде во средината на другите табори. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место и кај своето знаме.

18Откај запад да биде војската на Ефремовиот табор, и началникот на потомците Ефремови Елишама, синот Амиудов;

19во неговата војска изброени беа четириесет илјади и петстотини војници.

20До него да се смести племето Манасиево, и началникот на потомците Манасиеви Гамалиил, синот на Педа­цур.

21Со неговата војска која брои триесет и две илјади и двесте војници.

22Потоа да се смести племето Вени­јаминово, и началникот на потомците Венијаминови Авидан, синот Гидониев,

23заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет илјади и четиристотини.

24Сите изброени војници од Ефре­мо­виот табор се сто осум илјади и сто; тие трети да поаѓаат.

25Откај север да биде таборот на Да­но­вата војска, и началникот на потомците Данови Ахиезер, синот на Ами­шадај;

26неговата војска, според пребројувањето изнесува шеесет и две илјади и седумстотини војници.

27А до него да се смести племето Асирово, и началникот на потомците Асирови Пагиил, синот Охранов,

28заедно со неговите војници на број, четириесет и една илјада и петстотини.

29Потаму племето Нефталимово, и началникот на потомците Нефтали­мо­ви Ахира, синот Енанов,

30и неговите педесет и три илјади и четиристотини војници.“

31Сите, влезени во пребројувањето на Дановиот табор, се сто педесет и седум илјади и шестотини; тие последни да се креваат со знамињата свои.

32Тоа се изброените синови израел­ски според фамилиите нивни. Сите изброени во таборите, според четите им, се шестотини и три илјади петстотини и педесет.

33А левитите не се броени со другите синови на Израел, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

34И направија синовите израелски сѐ што му беше заповедал Господ на Мој­сеј; така се распоредуваа при знамињата свои, и така одеа секој според племето свое и според семејствата свои.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Numbers 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.