Leviticus 212006

1И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на свеш­те­ниците, синовите Аронови, и речи им да не се допираат до мртовец од народот свој.

2Само до свој близок роднина: до мајка, до татко, до син и до ќерка, до брат,

3до сестра, која е мома што живее кај него, немажена, може да се допира, и со тоа да не се осквернува;

4инаку, не смее да се оскверни со допир до кого и да било од народот свој, за да не стане нечист.

5Не смеат да ја бричат главата своја, ниту да го потстрижуваат крајот од брадата своја, ни да прават зарези по телото свое.

6Тие треба да бидат свети пред својот Бог и да не го осквернуваат името на својот Бог, бидејќи тие Му принесуваат жртви на Бога, леб на својот Бог, и затоа треба да бидат свети.

7Тие не смеат да земаат жени блудници и порочни, не смеат да се женат ни со жена истерана од својот маж, затоа што се тие свети пред својот Бог.

8И свет нека ти биде, бидејќи тој Му принесува храна на Господ, вашиот Бог; тој треба да ти биде свет, затоа што сум свет Јас, Господ Бог ваш, Кој ве осветува.

9Ако свештеничка ќерка се оскверни со блудство, таа го осквернила таткото свој: со оган да биде изгорена.

10А големиот свештеник меѓу бра­ќата свои, врз чија глава е излеано масло за помазание, и кој е осветен за да се облекува во свети одежди, да не ја открива главата своја и облеката своја да не ја кине;

11и до никаков мртовец да не приоѓа; да не се осквернува со допир ни до умрениот татко свој, ни до мајката своја.

12Тој од светилиштето да не се од­далечува за да не го оскверни светото на својот Бог, зашто светото масло на Божјото помазание е врз него. Јас сум Господ.

13За жена тој треба да зема девица;

14не смее да зема вдовица или оставена или осквернета или блудница, туку само девица од родот свој тој треба да зема за жена.

15И да не го осквернува своето по­томство во народот свој: затоа што сум Јас Господ, Кој го осветува.“

16И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

17„Кажи му на Арон: никој од твоето семе во сите родови, кој има телесен недостаток, да не пристапува да Му принесува дар на својот Бог.

18Никој, кој има телесен недостаток, да не пристапува; ни слеп човек, ниту куц, ниту, пак, со чпртав нос, или со деформирани крајници,

19ниту таков кому му е раката скр­шена или ногата скршена,

20ниту грбав, ниту слабуњав, ниту со перде на очите, ни крастав или со ли­шај, ниту скопец.

21Никој човек од родот на свеште­никот Арон, кој е со телесен недостаток, не смее да пристапува за да Му принесува жртва на Господ; бидејќи има недостаток, нека не пристапува да принесува дарови Божји,

22но од храната на својот Бог, од осветените жртви, тој може да јаде;

23само до завесата да не се доближува и до жртвеникот да не пристапува, за­тоа што има недостаток: да не го ос­кверни светилиштето Мое, бидејќи Јас сум Господ, Кој ги осветува.“

24И Мојсеј им го соопшти тоа на Арон и на синовите негови и на сите синови израелски.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Leviticus 21.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.