Leviticus 182006

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2„Кажи им на синовите Израелови и речи им: Јас сум Господ Бог ваш.

3Не постапувајте како што се поста­пува во египетската земја, во која живеевте, не постапувајте ни така како што постапуваат во земјата хананска, во која ве водам, и не управувајте се според нивните закони.

4Извршувајте ги сите Мои наредби и пазете ги сите Мои заповеди, постапувајќи според нив. Јас сум Господ, Бог ваш.

5Пазете ги сите Мои заповеди и сите Мои закони и извршувајте ги, и секој што ги извршува жив ќе биде. Јас сум Господ.

6Никој не смее да се доближува до сродница по тело, за да ја открие го­лотијата нејзина. Јас сум Господ.

7И голотијата на таткото свој и голотијата на мајката своја да не ја откриваш; таа ти е мајка, не откривај ја голотијата нејзина.

8Голотијата на татковата жена не откривај ја; тоа е голотија на твојот татко.

9Голотијата на сестрата твоја, која е од татко ти или од мајка ти, родена во куќата или надвор од куќата, да не ја откриваш голотијата нејзина.

10Голотијата од ќерката на синот твој или од ќерката на ќерката твоја; не откривај ја голотијата нивна, зашто тие се твоја голотија.

11Голотијата на ќерката од жената на твојот татко, не откривај ја; таа ти е сестра по татко.

12Голотијата на татковата сестра не ја откривај; таа е од иста крв со таткото твој.

13Голотијата на мајкината сестра не ја откривај; таа е од иста крв со твојата мајка.

14Голотијата на татковиот брат не ја откривај и до неговата жена не се до­ближувај; таа ти е стрина.

15Голотијата на снаата своја не ја откривај, таа е жена на твојот син — затоа не ја откривај голотијата нејзина.

16Голотијата на братовата жена не откривај ја; тоа е голотија на братот твој.

17Голотијата на жена и на ќерка ѝ не ја откривај; ќерката на синот нејзин и ќерката на ќерката нејзина не ги земај, за да ја откриваш голотијата нивна: тие се од иста крв; тоа е беззаконие.

18Не земај ја за жена сестрата на твојата жена за да ја откриеш голотијата нејзина пред неа, сѐ уште додека е жива таа, зашто ќе создадеш меѓу нив со­перништво.

19И до жена, сѐ додека трае чистењето од нечистотијата нејзина, не доближувај се за да ја откриеш голотијата нејзина.

20И со жената на ближниот твој не легнувај, за да излееш семе и да се оскверниш со неа.

21Од децата свои не му принесувај жртва на Молох и не го обесчестувај името на твојот Бог. Јас сум Господ.

22Не легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност.

23И со ниедно четвороножно животно не легнувај за да излееш семе, па да се оскверниш со него; и жена не смее да легнува под ниедно четвороножно жи­вотно, за да се спои со него: тоа е гнасотија.

24Не осквернувајте се со сево ова, затоа што со сето тоа се оскверниле народите, кои Јас сакам да ги отфрлам од вас;

25и земјата се оскверни, и Јас ги каз­нив поради нивните беззаконија, и така земјата ги исфрли своите жители.

26А вие пазете ги сите Мои закони и сите Мои повелби и не вршете ниедно од сите овие гнасотии, ниту вие овдеш­ните, ниту придојдените што живеат меѓу вас,

27зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на таа земја, што беа пред вас, и земјата се оскверни;

28за да не ве исфрли земјата и вас, кога ќе ја оскверните, како што ги исфрли народите што беа пред вас.

29Зашто сите, што ги вршат овие гнасотии, ќе бидат истребени од народот свој.

30И така, пазете ги сите Мои повелби за да не постапувате според ниеден од нивните гнасни обичаи, како што правеа оние што беа пред вас, и да не се оскверните со нив. Јас сум Господ, Бог ваш.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Leviticus 18.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.