Leviticus 102006

1Двајцата синови Аронови, Надав и Авиу, земајќи ја секој својата кадилница, ставија оган во нив, па ставија во нив и кадиво, и принесоа пред Господ туѓ оган, иако тоа не им беше заповедал Господ.

2Тогаш излезе оган од Господ, и ги изгоре, и умреа пред Господ.

3И му рече Мојсеј на Арон: „Тоа е она што го рече Господ, велејќи, преку оние што ќе пристапуваат кон Мене ќе се осветам и пред целиот народ ќе се прославам.“ Арон, пак, молчеше.

4Потоа Мојсеј ги повика Мисаил и Елцафан, синовите на Узиил, чичкото на Арон, и им рече: „Појдете и изнесете ги браќата ваши од светилиштево надвор од логоров.“

5И тие пристапија и ги изнесоа во хитоните нивни надвор од логорот, како што рече Мојсеј.

6Па му рече Мојсеј на Арон и на Елеазар и на Итамар, другите негови синови: „Не откривајте ги вашите гла­ви, а и одеждите ваши да не ги раскину­вате, за да не умрете и Господ да не се разгневи на целиот народ; туку браќата ваши, целиот дом Израелов нека плаче за изгорените, кои Господ ги изгоре;

7и не излегувајте од дверите на ски­нијата на собранието, за да не загинете, зашто маслото за помазание на вас е од Господ.“ И направија според зборовите на Мојсеј.

8И Господ му рече на Арон, велејќи:

9„Вино и други алкохолни пијалаци да не пиете, ти и синовите твои, кога ќе влегувате во скинијата на собранието, за да не загинете, тоа нека ви биде вечен закон во поколенијата ваши:

10за да можете да распознавате што е свето, а што не е; и што е чисто, а што не;

11учете ги синовите Израелови на си­те заповеди, што им ги кажа Господ преку Мојсеј.“

12Потоа Мојсеј му рече на Арон, и на Елеазар и на Итамар, другите негови синови: „Земајте од лебниот принос што ќе преостане од приносите пред Господ и јадете го тоа кај жртвеникот, зашто тоа е најголема светиња.

13И јадете го тоа на свето место, бидејќи тоа е законски дел твој и законски дел на синовите твои од приносите пред Господ; зашто така ми е запо­ведано.

14А градите од жртвата што се ни­шаат и плешката што се принесува да ги јадете на чисто место, ти и ќерките твои, и домот твој со тебе, зашто со закон ти се даде тебе и на синовите твои дел од жртвите за мир, што ги принесуваат синовите на Израел.

15Плешката што се принесува и градите што се нишаат да се донесуваат заедно со лојот што се принесува, ни­шајќи ги пред Господ, и тоа да биде твое, и на децата твои, со тебе како вечен дел како што заповеда Господ.“

16Потоа Мојсеј го побара козелот за жртва поради грев; но, тој веќе беше изгорен; затоа тој се разгневи на Елеазар и на Итамар, синовите Аро­нови и рече:

17„Зошто не јадевте на свето место? Бидејќи тоа е жртва поради грев што е најголема светиња; неа ви ја дава Господ вам да ја јадете, за да го ослободи целиот народ од грев и да стане чист пред Господ;

18и ете крвта нејзина не е внесена во светилиштето; а требаше да ја јадете на свето место, како што ви заповедав.“

19Тогаш му рече Арон на Мојсеј: „Еве, тие денес принесоа жртва поради својот грев и жртва сепаленица пред Господ; и ми се случи ова. Ако јадам денес од жртвата за грев, ќе Му биде ли тоа угодно на Господ?“

20Го чу тоа Мојсеј и го одобри.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Leviticus 10.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.