Leviticus 92006

1А во осмиот ден ги повика Мојсеј Арона и синовите негови и старе­шините израелски,

2па му рече на Арон: „Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, обете без недостаток, и принеси ги пред Господ.

3И на старешините израелски кажи им: земете козел за жртва за грев, и теле и јагне, едногодишни, без недостаток, за жртва сепаленица,

4а и теле, и овен за принесување жрт­ва за мир пред Господ, и лебен принос измешан со масло, бидејќи денес ќе ви се јави Господ вам.“

5Зедоа сѐ како што им заповеда Мој­сеј, и сето тоа го донесоа пред скинијата на собранието; се собра целиот на­род, па застана пред Господ.

6Им рече Мојсеј: „Еве што заповеда Господ да направите, и ќе ви се покаже славата Господова.“

7Му рече Мојсеј на Арон: „Пристапи до жртвеникот и принеси жртва за гревот твој и твојата жртва сепаленица, очисти се себеси и народот и принеси жртва за народот и очисти ги, како што заповеда Господ.“

8Тогаш пристапи Арон до жртве­никот и закла теле за него, како жртва за грев,

9и принесоа синовите Аронови крв до него, и тој го натопи прстот свој во крвта и стави од неа на роговите од жртвеникот, а остатокот од крвта го излеа во подножјето на жртвеникот;

10лојот и обата бубрега, и кошулката на црниот дроб, ги изгоре врз жртве­никот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј;

11месото, пак, и кожата ги изгоре над­вор од логорот.

12Потоа закла жртва сепаленица, и синовите Аронови му поднесоа од крвта нејзина, а тој го попрска жртвеникот од сите страни;

13му ја донесоа и жртвата сепаленица во делови; сето тоа, и главата, ги изгоре на жртвеникот,

14а утробата и нозете ги изми, и ги изгоре врз жртвеникот заедно со жртвата сепаленица.

15Потоа тој принесе дар од народот; зеде козел поради гревот на народот, го закла, и го принесе како жртва за грев како и првиот.

16И принесе жртва сепаленица, и го изврши тоа според заповедите како што треба.

17А принесе и лебен принос и ги на­полни рацете со него, и го изгоре на жртвеникот, врз утринската жртва се­па­леница.

18Ги закла и волот и овенот што беа од народот, како жртва за мир; и си­новите Аронови му ја принесоа крвта нивна, и тој го полеа со неа жртвеникот од сите страни;

19му го дадоа и лојот од волот и опаш­ката од овенот, и лојот што ја покрива утробата, и обата бубрега, како и кошулката од црниот дроб,

20па го ставија лојот врз градите, и тој го изгоре лојот врз жртвеникот;

21градите, пак, и десната плешка ги принесе Арон нишајќи ги пред Господ, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

22Потоа ги подигна Арон рацете кон народот и го благослови, па потоа сле­зе, откако принесе жртва за грев, жртва сепаленица и жртва за мир.

23А Мојсеј и Арон влегоа во скинијата на собранието, па излегоа и го благословија народот и им се јави славата Господова на сите луѓе:

24и се јави оган од Господ и ги изгоре на жртвеникот жртвата сепаленица, и лојот; а народот, кога го виде тоа, викна од радост и падна ничкум на земјата.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Leviticus 9.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.